3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПомалку iPhone-и: Apple ги повика вработените да работат од дома

Помалку iPhone-и: Apple ги повика вработените да работат од дома

Компанијата Apple ги повика вработените во своето седиште во Силиконската долина „од претпазливост“ да работат од дома за да се избегне ширење на коронавирусот.

Официјални претставници на округот Санта Клара, каде се наоѓа кампусот Apple Park со 12.000 вработени, претходно ги повикаа големите компании да размислат за можноста да им дозволат на вработените да работат од дома или на други начини со кои би се ограничил блискиот контакт.

Во оваа област до вчера беа потврдени 20 случаи на заразени со коронавирусот, соопштија официјални лица.

Apple исто така побара од вработените во Сиетл да работат од дома. А продавниците во Санта Клара остануваат отворени, пренесува Reuters.

Компанијата во февруари соопшти дека поради ширењето на вирусот во Кина нема да го оствари предвидениот профит за првиот квартал, како и дека ќе биде намалено производството на iPhone.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП