24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИReputation Institute: Lego најценета компанија во светот

Reputation Institute: Lego најценета компанија во светот

Компанијата Lego се наоѓа на првото место на ранг листата на најценетите компании во светот, која во рамките на студијата Global RepTrak ја објави Reputation Institute. На второто место на листата е Disney.

Двете компании се појавија во првите 10 на оваа ранг листа уште од 2011 година.

Reputation Institute во својата студија Global RepTrak анкетираше повеќе од 80.000 луѓе во 15 земји.

На оваа ранг листа, на трето место е Rolex, по што следат Ferrari, Microsoft, Levi Strauss, Netflix, Adidas, Bosch и Intel.

Студијата се фокусира на тоа како луѓето ја перцепираат компанијата, вклучувајќи ги нејзините производи, управување, лидерство, финансиски перформанси, колку е иновативна компанијата и какво влијание има врз општеството во целина.

Lego и Disney постигнаа особено добри резултати во однос на своите производи и услуги. Интересно е дека оваа година меѓу првите 10 не се Google и Apple, кои беа први и втори на ранг листата кога анкетата започна во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП