29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple мора да плати финансиски надоместок на сопствениците на постарите модели на...

Apple мора да плати финансиски надоместок на сопствениците на постарите модели на iPhone: Еве за кои модели

Apple ќе плати и до половина милијарда долари во спогодбата постигната на судењето на кое компанијата беше обвинета дека намерно ги успорила постарите модели на iPhone, а ги принудила корисниците да купуваат нови модели.

Според CNN, со спогодбата е договорено дека Apple ќе плати по 25 долари на секој корисник чиј уред го успориле. Тоа би можело да ја чини компанијата помеѓу 310 и 500 милиони долари.

Од Apple во декември 2017 година признаa дека користеле софтверски надградби за да ја успорат работата на постарите iPhone, откако бројни корисници се пожалија дека нивните телефони по надградбата на софтверот работат многу побавно. Многумина од нив тврдеа дека Apple намерно го сторил тоа за да ги натера да купат нови модели, што од компанијата негираа.

Сопствениците на iPhone во САД сега може по судски пат од Apple да бараат надомест од 25 долари, ако се сопственици на моделите iPhone 6, 6 Plus, 6S, 6S Plus, 7 и 7 Plus.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП