27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо коронавирус заразени над 90.000 лица во светот - заздравеле 48.000, починале...

Со коронавирус заразени над 90.000 лица во светот – заздравеле 48.000, починале 3.110 лица

Според билансот објавен утрово, вкупниот број на заразени од коронавирусот во светот е 90.932, а бројот на починати е 3.119.

Досега закрепнале вкупно 48.175 лица.

Бројот на заразени расте побрзо надвор од Кина, која беше примарно жариште на вирусот.

Досега, во Кина се разболеле околу 80.200 луѓе, од кои околу 30.000 се активни случаи и 125 се новозаболени.

Во Јужна Кореја, вкупниот број досега е нешто помалку од 5.000 со 28 загинати, пренесува Ројтерс.

Италија и Иран нема регистрирани нови случаи.

Во Италија вкупно 2.040 луѓе се разболеле, а околу 1.500 во Иран. Бројот на загинати досега во Италија е 52, а 66 во Иран.

Регистрирани се три нови случаи во САД, по еден во Австралија, Пакистан и Еквадор.

Висок американски службеник ги повика Американците да престанат да купуваат медицински маски, бидејќи тие не се ефикасна заштита од ширење на инфекцијата, но се неопходни за медицинскиот персонал кој лекува пациенти, објави Си-Ен-Ен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП