6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонкуренцијата никогаш посилна: Листа на најбрзорастечки компании во Европа

Конкуренцијата никогаш посилна: Листа на најбрзорастечки компании во Европа

Financial Times четврта година по ред ја објави својата листа на 1000 најбрзорастечки компании во Европа, а како што наведуваат конкуренцијата никогаш не била посилна.

Оваа година на врвот на листата се најде OakNorth Bank од Велика Британија.

Минималниот раст кои компаниите мораше да го остварат за влез на листата порасна од минатогодишните 37,7 на 38,4 проценти. Покрај тоа, компаниите ширум светот се соочуваат со голем број потешкотии, од мрачни прогнози за економски раст до многу неизвесности кои во светот ги предизвикаа настани како Брегзит или коронавирусот.

Сето тоа покажува дека само највештите и најиновативните од нив напредуваат.

Financial Times наведува дека годинешната листа најдобро ја отсликува растечката важност на технологиите која уште еднаш доминира со 189 компании кои доаѓаат од овој сектор. Ако на тоа се додадат поврзаните, но дискретни категории на финтехника и е-трговија, тој вкупен број порасна на 259.

Повеќето од победниците доаѓаат од Германија, а ги следат Италија, Велика Британија и Франција, а овие четири земји сочинуваат околу 70 проценти од вкупниот број.

Лондон го одржува своето место како град со најголем број на брзорастечки компании, го следат Париз и Милано, додека Варшава и Вилнус за прв пат влегоа во првите 10.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП