Во периодот од 01.01.2019 до 31.12.2019 година Стопанска банка АД скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 2.371.129 илјади денари, што е на исто ниво со добивката за 2018 година (доколку се исклучи влијанието на должникот Фени Кавадарци и со него поврзаната исправка на вредност објавена во 2018 година).
Нето приходите од камати изнесуваат 3.611.054 илјади денари, односно се намалени 5,6% во однос на истиот показател од 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 6,7%, додека расходите од камата забележаа намалување од 12,7%.
Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 825.790 илјади денари и се повисоки за 11,2% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од услугите.
Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 91.300 илјади денари и се намалени за 13,2% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалувањето на маргините.
Останатите приходи од дејноста забележаа намалување од 6,1%, додека останатите расходи од дејноста забележаа благо зголемување за 1,5%.
Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 850.367 илјади денари што претставува намалување од 2,2% во однос на 2018 година.
Во анализираниот период СБ покажа исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 763.510 илјади денари.
Како резултат на подажба на превземени средства врз основа на ненаплатени побарувања СБ покажа ослободување на исправка на вредноста во износ од 101.477 илјади денари во позицијата Загубата поради оштетување на нефинансиски средства, на нето основа.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.