16 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVivo - концепт телефон со револуционерна стабилизација на камерата

Vivo – концепт телефон со револуционерна стабилизација на камерата

Кинескиот производител на мобилни телефони, Vivo, ја претстави својата визија за тоа како мобилните телефони треба да изгледаат во иднина. Нивниот APEX 2020 5G концепт телефон носи неколку навистина интересни новитети.

Првата новина е “gimbal” стабилизација на главната камера, која овозможува да биде стабилна без оглед како се движи телефонот. На тој начин ќе обезбеди многу подобар квалитет на фотографиите во сите услови. Главната камера има 48 MP, а покрај неа достапна е и перископ камера со 7,5x оптички зум. Предната камера е исто така интересна затоа што се наоѓа под екранот. Кога таа камера е активирана, екранот над нејзе станува транспарентен, овозможувајќи непречена фотографија.

Софтвер, не само хардвер

Уште еден интересен новитет е поврзан за камерата кој доаѓа од страна на софтверот. Тоа е Instant Photobomb Removal опција, која благодарение на високата моќ на обработка и вештачката интелигенција, може практично во реално време автоматски да ги отстрани предметите кои случајно се уклучиле во кадар.

За најдобар квалитет на телефонски разговор е одговорна новата Voice-Tracking Autofocus функција.  Таа му овозможува на телефонот да го држи фокусот на микрофонот на лицето кое во моментот зборува. Се разбира, тука е и поддршката за 5G, како и брз безжичен полнач, како и заоблен екран на телефонот кој ја проширува површината за гледање. Телефонот го покренува Android 10 кој работи на Snapdragon 865 процесор со 12 GB RAM меморија и 256 GB простор за податоци.

Со оглед на тоа дека станува збор за концепт телефон, тој веројатно никогаш нема да биде во продажба, но сигурно може да ни укаже во која насока ќе оди развојот на мобилните телефони во наредниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП