20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава дивиденда планира да подели Комерцијална банка за 2019 година?

Колкава дивиденда планира да подели Комерцијална банка за 2019 година?

Според Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 31.12.2019 година, донесена од Надзорниот одбор, Комерцијална банка АД Скопје планира да подели по 550 денари бруто дивиденда за 1 обична акција.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје е закажано за на 02.04.2020 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2019 година е 23.04.2020 година.

Последен ден на тргување со акциите со право на дивиденда за 2019 година согласно предложената одлука е 21.04.2020 година.

Исплатата на дивидендата за 2019 година се предлага да започне од 29.04.2020 година.

Комерцијална Банка АД Скопје од своето работење лани оствари нето добивка во износ од 1.806,8 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП