27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронавирусот ја зафати и Македонска Берза – цените на акциите во пад,...

Коронавирусот ја зафати и Македонска Берза – цените на акциите во пад, прометот вртоглаво расте

Коронавирусот ја зафати  и „Македонската Берза“ – цените на акциите во пад, прометот вртоглаво расте.

Падот на светските берзи се прелеа и на домашниот пазар на хартии од вредност, па македонските компании губат од својата вредност.  Падот на цените на акциите траеше од понеделикот до четвртокот, а на последниот ден од тргувањето имаше мала стабилизација. Започна во понеделникот, кога македонскиот берзански индекс отиде во негатива од 0,27 проценти, па продолжи во вторникот кога македонскиот берзански индекс се спушти на -1,67 проценти. Најголем пад имаше во средата и четвртокот од 2,3 проценти и 3,18 проценти. А петокот  заврши со мал плус на индексот МБИ 10 кој изнесуваше 0,75 проценти на крајот на берзанскиот ден.

Но паниката и неизвесноста од коронаирусот го дигна пак прометот на Берзата.

Според брокерите, инвеститорите го користат моментот да купат акции по пониски цени.

Па така вкупниот промет на Македонска берза, неделава пораснал за 287,25%, во однос на минатата недела и биле истрагувани акции во вредност од 6.289.969 евра. Скок од 110% има кај вкупниот број на трансакции, кои што оваа недела достигнаа 987.

Петте најтргувани акции пак оваа недела се на  Алкалоид, Комерцијална банка, Макпетрол, НЛБ Банка и ТТК Банка.

Според податоците на „Македонска берза“  пазарната капитализација оваа трговска недела се позиционираше на 3.267.479.836 евра или 4,21% помалку во однос на претходната недела. Пазарната капитализација на 28-ми – петок  достигна 1.891.856.655 евра или 5,24% помалку во однос на минатиот петок.

Вредноста пак на индексот МБИ 10 на крајот на трговската недела изнесувал 4.673,54 поени или 6,54% помалку во споредба со претходната недела.

За експертите глобалната криза на светските берзи која се чувствува и на домашниот пазар на хартии од вредност за некој може да биде и шанса.

Така професорот Никола Поповски прогнозира дека оваа година може да биде рецесиска во голем дел од светот или и во целиот свет.

Порано постоеше економска изрека дека ако американската економија кивне (во симболична смисла), светската ќе се разболи од грип. Денес е пострашно и сведоци сме дека кинеската фати грип и светската економија е на прагот на можна рецесија.

Кинескиот берзански индекс Shanghai Composite index на 14 јан беше 3.120, па падна на 2.812 на 3 февруари, за потоа да се врати пак на околу 3.043 на 24 февруари и вчера конечно пак да падне на 2881, односно за 5 дена да изгуби над 5%. Но, берзанските индекси на американската економија паѓаат во бездна. Во последниве 5 дена Dow Jones Industrial губи по околу фантастични 1.000 поени дневно (околу 3-4%) што е незапамтено и потсетува на 2008 година. Слично е и со сите други акции и берзански индекси во светот. Нашиот МБИ-10 во оваа недела исто доби сериозен грип. Од вредност од близу 5.000 во понеделникот на 24 фев., се сведе на 4.674 на 28 фев, односно паѓаше со по 2-3-4% дневно. Премногу“, анализира Поповски на „Фејсбук“.

Според Поповски ударот од Ковид-19 врз економиите ќе биде значаен.

„Оваа година може да биде рецесиска во голем дел од светот или и во целиот свет и тоа е лошо но не е страшно. Веројатно БДП во 2021 ќе е нешто над оној од 2019 со што ударот не би бил голем како во 2008-2012. Приносите за 2020 во 2021 ќе се нешто пониски но не и фатални. Оние акции во Македонија што уште се тргуваат со право на дивиденда за 2019 година, а тоа се скоро сите, стануваат атрактивни и со висок принос за релативно кратко време. По кој знае кој пат се уверивме колку малку се предвидливи краткорочните економски движења и колку неекономските фактори можат да бидат клучни за тоа. Сетете се на кинескиот збор „криза“ што наводно едновремено значел и „нови можности, шанси“. Размислете за можните заработки сега бидејќи многу од акциите на берзите котираат под нивната реална вредност и приносите што ги овозможуваат“, пишува Поповски на „Фејсбук“.

Дека Коронавирусот може да доведе до глобална економска катастрофа, деновиве прогнозираше и економистот Нуриел Рубини. Тој  ја предвиде финансиската криза во 2008 година. Сега, прогнозира дека  берзите ќе паднат од 30 до 40 проценти поради коронавирусот, а тврди и дека  претседателот на САД, Доналд Трамп ќе изгуби и нема да биде реизбран.

„Оваа криза е многу потешка за Кина и остатокот од светот отколку што очекуваа инвеститорите од четири причини: Прво, таа не е епидемија ограничена на Кина, туку е глобална пандемија. Второ, тоа е далеку од тоа да заврши. Ова има големи последици, но политичарите не го сфаќаат тоа“, вели тој за Шпигел.

Рубини тврди дека огромна грешка е тоа што Европа се плаши од затворање на границите, а Италијанските граници треба да бидат затворени што е можно поскоро.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП