1 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLOT доби зелено светло да го преземе Condor

LOT доби зелено светло да го преземе Condor

Германската антимонополска агенција го одобрила преземањето на германската авиокомпанија Condor (DE/CFG) од страна на полската воздухопловна групација PLG.

PLG е сопственик на полската национална авиокомпанија LOT Polish Airlines (LO/LOT).

Во образложението на агенцијата се вели дека двете компании не се конкурентни едни на други, туку имаат комплементарни деловни модели. Претходно, германскиот авиопревозник соопшти дека спојувањето ќе биде објавено до крајот на април.

Германската авиокомпанија Lufthansa изјави дека нема да ги обнови договорите со Condor откако ќе истечат. Според овие договори, Lufthansa ги превезувала патниците во германските центри на Condor, и така ги полнела летовите на оваа компанијата во меѓуконтиненталниот транспорт, пренесува Aviatica.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП