8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУНИБанка прокнижи добивка од над 4 милиони евра за 2019 година

УНИБанка прокнижи добивка од над 4 милиони евра за 2019 година

УНИБанка за периодот јануари-декември 2019 година оствари речиси идентичен профит како и минатата година од 253.387 илјади денари.

Остварените вкупни приходи од работење во 2019 година изнесуваат 1.541,2 милиони денари  и во однос на минатата година бележат пораст од  17.3%. Најголем придонес во остварувањето на  позитивен финансиски резултат во износ од 253,4 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Остварените расходи во 2019 година изнесуваат 1.287,8 милиони денари и бележат пораст од 23.2% во однос на 2018 година. Значителен придонес во зголемувањето на расходите на банката имаат расходите од камати како резултат на прибирањето на дополнителни средства од финансискиот сектор и секторот население.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП