24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинескиот мобилен гигант гради прва фабрика во Европа

Кинескиот мобилен гигант гради прва фабрика во Европа

Huawei ќе инвестира 200 милиони евра во првата фаза од изградбата на фабрика за производство на базни станици, што ќе значи создавање на 500 нови работни места.

Според зборовите на претседателот на таа компанија, Лианг Хуа, Huawei во Франција ќе го гради својот прв производствен погон во Европа.

„Фабриката ќе го снабдува целиот европски пазар, не само Франција“, изјави Лианг.

Се очекува следната генерација на технологија за мобилна мрежа на новата 5G генерација да создаде услови за значително побрз пренос на податоци и за експоненцијално множење на врските меѓу милијарди уреди, од паметни фрижидери до автономни возила.

Во моментов е непознато дали оваа одлука добила зелено светло од францускиот претседател Емануел Макрон, кој сака во Франција да донесе што повеќе странски инвеститори, но исто така постојано предупредува и на кинеската инфилтрација во економијата на Европската Унија.

Лианг, пак посочува дека Huawei и претставила план на француската влада за изградба на фабрика.

„Не се обидуваме да ги шармираме“, изјави тој.

Од кабинетот на Макрон немаше непосредна реакција.

Америка во неколку наврати ги предупреди своите европски сојузници да не дозволат Кина да влезе во 5G инфраструктурата на континентот. Европските лидери се поделени околу тоа како да се постават спрема Huawei.

Франција штотуку започна да развива 5G мрежа, но Orange водечкиот мобилен оператор во земјата, веќе ги избра Nokia и Ericsson, ривали на Huawei.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП