25 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle опремува дата центри во САД

Google опремува дата центри во САД

Компанијата Google ги објави своите планови и стратегија за 2020 година. Во вкупно 11 американски сојузни држави, ќе гради свои дата центри.

Повеќе од 10 милијарди долари за нови дата центри

Компанијата Google во своите планови се обврза да инвестира повеќе од 10 милијарди долари и опремување на канцеларии и дата центри во следниве држави: Калифорнија, Колорадо, Џорџија, Масачусетс, Небраска, Њујорк, Охајо, Оклахома, Пенсилванија, Тексас и Вашингтон.

Извршниот директор на Google и Alphabet изјави дека овие инвестиции ќе „отворат илјадници работни места, вклучително и оние во Google”. Тој истакна дека отворањето на нивните дата центри ќе ја засили локалната економија, ширење на свеста за обновливи извори на енергија и дека, генерално, ќе има позитивно влијание врз заедницата.

Сè уште не е јасно дефинирано дали поради отварањето на голем број работни места, како и вонредното влијание врз градовите каде ќе се вложат парите, ќе биде даночно олеснување од страна на САД за оваа компанија, а тоа е токму прашањето кое го уби големиот проект Amazon, Long Island City. На крај, важно е да се има предвид дека Google го прави ова затоа што му се потребни инвестиции и развој на бизнисот, а не филантропија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП