Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,091.31 -3.86%    BESK 5,700.00 0.56%    FERS 53,460.00 -10%    GRNT 700.00 -2.75%    KMB 5,115.79 -8.9%    MPT 43,531.49 -9.43%    MTUR 3,969.00 -9.98%    OHB 4,306.25 -9.34%    RZUS 54.00 -8.47%    STB 835.13 -0.82%    TEL 263.89 -1.53%    TNB 13,086.00 -10%    TTK 1,083.11 -9.92%    

Пронајдени нови пропусти: Загрозени повеќе од една милијарда уреди поврзани на Wi-Fi

Време: 13:29

Датум: февруари 27, 2020

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

На повеќе од една милијарда уреди поврзани со интернет, вклучително Apple iPhone и Amazon Echo, загрозена им е безбедноста. Ова би можело да им овозможи на хакерите да шпионираат сообраќај кој се праќа преку Wi-Fi мрежата.

Пропустот кој го откри фирмата ESET, работи така што е овозможено деактивирање на шифрите кои ги користи Wi-Fi мрежата заштитена со лозинка.

Тоа би можело да им овозможи на хакерите да следат активности на мрежата, како да нема никаква заштита. Иако тоа би можело да значи дека жртвите можат да бидат прислушувани, ажурирањето на софтверот веројатно ќе спречи катастрофални резултати.

Ранливоста која истражувачите ја нарекоа Kr00k влијае на уредите со Wi-Fi чипови од компаниите Broadcom и Cypress, кои се користат во голем број уреди со безжичен интернет, вклучувајќи ги и телефоните на Apple, Google и Samsung.

Безбедносни ажурирања се веќе направени за решавање на овој проблем, па најдобриот совет е компјутерите, телефоните и какви било уреди поврзани на интернет да имаат најнов софтвер.

Во најлошото сценарио, ќе биде изложена значителна количина на податоци, вклучувајќи ги интернет страници кои ги посетувате или пораките кои ги испраќате, објави MIT Technology Review.

Меѓутоа, многу приватни комуникации на вашата Wi-Fi мрежа сè уште би требало да бидат безбедни поради шифрирање кое го користат самите интернет страници.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

    Нови 22 случаи на коронавирус во Македонија

    Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (9), Куманово (3), Струга…

  • Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    “Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски Телеком ја активира тестната 5G мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на…

  • Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички…

  • Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei ќе инвестира 200 милиони американски долари како поддршка на независните развивачи на хардвер и софтвер за користење на компјутерски решенија на компанијата Huawei. Во…

  • Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

    Градинките не вршат упис на деца, родителите без потребната потврда мора да се вратат на работа !

    Мајките кои го завршуваат своето породилно отсуство од работа се соочуваат со огромен проблем, не може да го запишат своето дете во државните градинки. Вакви…

  • Трамп го потпиша законот за најголемата државна помош во историјата на САД

    Трамп го потпиша законот за најголемата државна помош во историјата на САД

    Претседателот на САД, Доналд Трамп, го потпиша Законот за економска помош во висина од две илјади милијарди долари, за намалување на последиците од коронавирусот во…

  • Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

    Поранешен германски министер: ЕУ може да се распадне ако не постои солидарност

    Поранешниот германски министер за надворешни работи Зигмар Габриел изрази загриженост дека Европската унија (ЕУ) може да се распадне доколку не постои солидарност во борбата против…

  • Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

    Потопло време до вторник, од среда повторно заладување

    Суво и посончево време со повисоки дневни температури се очекуваат во текот на утрешниот ден и во понеделник претпладне, а веќе од попладнето повторно следува…

  • Министерство за транспорт: Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради

    Министерство за транспорт: Да се изврши дезинфекција на заедничките простории во станбените згради

    Министерството за транспорт и врски преку Регулаторната комисија за домување испрати апел до сите граѓани кои живеат во колективните згради да ги дезинфицираат заедничките простории…

  • Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

    Продолжува забраната за викенд престој на туристички места во Преспа

    Општина Ресен информира дека и овој викенд е забранет престојот и подолго задржување во туристичките и излетничките места во Преспа. Од секторот за односи со…