25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвионска карта поевтина од шолја кафе - "Сакаат да ја вратат довербата...

Авионска карта поевтина од шолја кафе – “Сакаат да ја вратат довербата на патниците”

Милиони луѓе се соочуваат со ограничувања на патувањaта поради ширењето на коронавирусот.

Кинеските авиокомпании решија да понудат евтини авионски билети, а колку тие ги намалија цените говори фактот дека некои билети чинат и колку шолја кафе во оваа земја.

Spring Airlines, според South China Morning Post, нуди билет во еден правец од Шангај до Чонгчинг за само 29 јуани (4,10 долари). На пример, кафето latte во Starbucks во Кина чини 32 јуани (4,5 долари).

Сепак, оние кои се во потрага за евтини летови, мора да бидат членови на клубот на редовни клиенти на авиокомпанијата.

Компанијата нуди и билет во еден правец од Шангај до Харбин, пат од 1.600 километри, за 69 јуани или 9,80 долари.

Компанијата Shenzhen Airlines објави дека во понудата има билети кои чинат 100 јуани (околу 14 долари) од Шенжен до Чонгчинг, дестинации оддалечени околу 1.000 километри.

„Многу кинески авиокомпании имаат директни стимули од државата да ги одржуваат клучните домашни правци“, забележува Луис Ју, аналитичар во Bank of Communications International.

Најавите за евтини летови следат по веста дека скоро половина од населението во Кина, т.е повеќе од 780 милиони луѓе, се погодени од ограничувања за патувања предизвикани од коронавирусот, пренесува CNN.

Две третини од домашните летови планирани за февруари се откажани, што става голем притисок на авиокомпаниите и аеродромите низ цела Кина.

Кинеските аналитичари посочуваат дека компаниите во овој момент само сакаат да ја стабилизираат домашната побарувачка и да ја вратат довербата на патниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП