29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите Македонци се побогати - која е Скопјанката која заработи 17,2 милиони...

Најбогатите Македонци се побогати – која е Скопјанката која заработи 17,2 милиони евра?!

Најбогатите Македонци стануваат се побогати. Скопјанката која во 2018 година заработила фантастични 17,2 милиони евра ги претрка нејзините колеги од претходните години. Така ако во 2017 година најбогатиот Македонец заработил 3,5 милиони евра, тој во 2016 година 4,1 милиони евра, Скопјанката пред две години заработила четири до пет пати повеќе од нив, според вкупниот годишен бруто приход кој го пријавила во УЈП со годишната даночна пријава. Па така приматот најбогат човек во земјава за прв пат го презеде жена. Најголем дел од парите или 13,7 милиони евра, ги заработила од капитална добивка, и така го остварила најголемиот годишен приход од капитал во последните 10 години.

Но, која е бизнисменката од здравствениот сектор на која толку добро и тргнал бизнисот. Од УЈП имиња не откриваат, се повикуваат на даночната тајна. Иако најавија дека ќе ја отстранат од законската регулатива, бидејќи во развиените земји заработувачките се јавни, престиж и трка кој повеќе заработил, а Македонија се уште најбогатите ги крие под превезот на даночната тајна.

Податоците на УЈП покажуваат дека најмногу од плата заработил Скопјанец, нејзин колега од здравствениот сектор – 3 милиони евра годишна бруто плата. Месечно на негова сметка легнувале бруто по околу 250.000 евра. На листата на највисоко рангирани бруто плати се најдоа и платите исплатени во секторот трговија со тутун и тутунски производи, компјутерско програмирање, производство на метални производи, аптеки и изградба на станбени и нестанбени објекти.

Највисокото пак лично примање по друг основ изнесувало 1,93 милиони евра.

На листата лица со високи заработувачки кои се бројат во стотици илјади евра се и адвокати, нотари, извршители, угостители.

„ Самостојното вршење на дејност во 2018 година најпрофитно е за Скопјани, кои доминираат на листата со приходи по овој основ, од кои највисокиот изнесува 46.024.172 денари(748.000 евра). Во 10-те топ рангирани на листата се наоѓаат адвокати, нотари, извршители и угостители “, вели Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Најбогатиот земјоделец пак доаѓа од Валандово. Заработил 412.000 евра од продажба на земјоделски производи. Скопјенец од дивиденда добил 6,6 милиони евра.  Тетовчанец пак од приходи од имот и имотни права заработил 1,37 милиони евра, а Скопјанец е прворангиран по приход од авторски права од 368 .000 евра. Најголема добивка на  игри на среќа пријавил Скопјанец кој освоил  872.000 евра.

Најбогатиот пензионер во земјава пак заработил 93.000 евра од странска пензија.

99 годишник е највозрасното лице со приход од над 16.000 евра, а 93- годишник е прв на листата по заработувачки од над 162.000 евра.

Бебе пак родено во 2018 година е најмладото лице кое од дивиденда заработило над 16.000 евра, а 21- годишник е најмладиот на листата на приходи од над 162.000 евра.

Во 2018 година биле доставени 796.000 даночни пријави за граѓани кои оствариле бруто приход од 5 милијарди евра, и платиле персонален данок од 300 милиони евра.

Скопјанка – најбогата жена во 2018 година во Македонија -17,2 милиони евра највисок годишен бруто приход или по 1,43 милиони евра месечно – сектор здравство

Скопјанец 3 милиони евра или 249.000 евра месечно – највисока годишна бруто плата – сектор здравство

1,94 милиони евра- највисоко лично примање по друг основ

3,7 милиони евра – највисока капитална добивка

Скопјанец – 872.000 евра- највисока добивка од наградна игра

Скопјанец – најбогат пензионер од странска пензија 93.000 евра годишно

Највозрасно лице со приход од над 16.000 евра има 99 години

-Највозрасниот со приход над 163.000 евра има  93 години

Бебе родено во 2018 година има доход од дивиденда од над 16.000 евра

-Најмладиот со приход од над 162.000 евра  има 21 година

 

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП