28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТетекс АД Тетово прокнижи над половина милион евра за 2019 година

Тетекс АД Тетово прокнижи над половина милион евра за 2019 година

ТЕТЕКС АД Тетово за периодот јануари-декември 2019 година оствари добивка  во износ од 33.992 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех.

Оперативните приходи изнесуваат 232.592 илјади.

Приходите од продажба до 31.12.2019 година изнесуваат 167.662 илјади денари. Истите се состојат од:

– продажба на производи и стоки на домашен пазар 89.881 илјади

– продажба на производи и стоки на странски пазар 77.781 илјади

Структурата на приходите остварени на домашен пазар е следна:

-приходи од продажба на производи и стоки во износ од 51.173 илјади

-приходи од закупнини 29.059 илјади

-приходи од други услуги 9.649 илјади.

Тетекс АД во своето работење претежно се ориентира кон издавање на слободни простори под закуп на други правни лица, дејност која значително учествува во вкупните приходи на компанијата, што може да се види од наведените показатели.

Останатите оперативни приходи во кои се вклучени приходите од продажба на недвижен имот изнесуваат 20.861 илјади денари.

Оперативните расходи изнесуваат 225.993 илјади денари, а истиот период 2018 година изнесуваа 274.363 илјади.

Оперативната загуба изнесува 4.805 илјади.

Во Финансиските приходи се вклучени приходите од дивиденда кои ТЕТЕКС АД ги оствари во ТТК Банка во износ од 39.590 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП