19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas: Нови Џејмс Бонд патики

Adidas: Нови Џејмс Бонд патики

Од Avengers до Star Wars, Adidas ги следи филмските трендови, и ги преместува во свои обувки, прилагодувајќи го дизајнот на она што публиката најмногу го сака во моментот. Така, дојде ред и на новиот Џејмс Бонд, и тоа со моделот Ultra Boost 20.

Направени во „No Time To Die“ духот, новите патики се во темна боја, а црната палета отстапува во само неколку сиви детали. На задниот дел може да се прочита и добро познатото „007“, а се очекува бројката да привлече голем број купувачи кои би можеле да носат нови патики токму за време на премиерата на филмот, која е закажана за 10 април 2020 година.

Adidas веќе повеќе пати докажа дека следењето на трендовите, особено филмските, е добро за работењето и стекнување добивка, бидејќи голем број љубители на филмската франшиза сакаат да носат обувки кои асоцираат на нивните омилени херои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП