2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВреме е за нов лидер: Шефот на Дизни оди во пензија

Време е за нов лидер: Шефот на Дизни оди во пензија

Шефот на Дизни, Боб Игер заминува од функцијата извршен директор.

Тој, по 15 години на функција, ќе го напушти тоа место на крајот на оваа година, а ќе го замени Боб Чапек.

Овој потег беше изненадување, а Игер ги објави плановите за пензија порано, но го премести датумот на заминување. Тој во соопштението истакна дека сега е оптимално време да ја предаде контролата над компанијата на друг лидер.

„Компанијата порасна и стана покомплексна во последните 12 месеци. Чувствував дека би требало да посветам повеќе време на креативната страна на нашето работење“, изјави тој.

Чепек се придружи на Дизни во 1993 година и тој е седми извршен директор откако компанијата е основана во 1920 година. Една од неговите заслуги е отворањето на паркот Дизни во Шангај.

„Неговото огромно разбирање за широчината и длабочината на компанијата и неговото ценење за посебната врска на Дизни и неговите клиенти го прават одличен избор“, изјави членот на одборот на компанијата, Сузан Арнолд.

Игер се смета за деловно најсилниот човек во Холивуд.

Вредноста на акциите на компанијата падна за два проценти откако е објавена веста за заминувањето на Игер. Вредноста на фирмата сега е 230 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП