9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка а.д. Битола со "скромна" нето-добивка за 2019 година

Стопанска банка а.д. Битола со “скромна” нето-добивка за 2019 година

Стопанска банка а.д. Битола за периодот јануари-декември 2019 година оствари нето-добивка во износ од 16,97 милиони денари.

Нето-приходите од камати за периодот 1.1.-31.12.2019 година изнесувале 291,74 милиони денари, и претставува остварување на планот од 92,57%. Општиот тренд на намалување на каматните стапки придонело за пониски нето-приходи од камати на годишна основа.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се повисоки за 2,08% споредено со претходната година. Зголемувањето пред сѐ  произлегува од картично работење и кредитирање, а реализација е повисока од планираната за 9,91%.

Нето-приходите од курсни разлики и останатите приходи од дејноста се одржани на стабилно ниво, без поголеми промени на годишна основа. Остварувањето во овие позиции го надминува планот за 8,36% и 17,05%, соодветно.

Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа, е помала споредено со претходната година за 18,61%, што се должи на активностите за наплата на дел од побарувањата, зголемено кредитирање на секторот домаќинства што традиционално носи пониско просечно ниво на ризик, како и процените за квалитетот на кредитното портфолио на правни лица како мерка на прудентно работење и претпазливост на Банката.

Трошоците за вработените бележат намалување од 1,64% споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција еостварен со 93,38%. Останатите расходи од дејноста се пониски за 2,62%, што главно е резултат на резервирања за потенцијални обврски за судски спорови во 2018 година, што не беше случај во 2019 година. Планот во оваа позиција е реализиран со 106,35%. Амортизацијата е зголемена за 21,64% на годишна основа, додека реализацијата на планот изнесува 101,11%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП