21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПечалбарите испратиле 2,8 милијарди евра за 15 години - околу 150 милиони...

Печалбарите испратиле 2,8 милијарди евра за 15 години – околу 150 милиони евра за девет месеци лани

За петнаесет години 2,8 милијарди евра- за девет месеци лани 148 милиони евра. Толку пари испратиле македонските печалбари на своите најблиски дома, покажува статитиката на Народната банка.

Податоците покажуваат дека лани најмногу пари на сметките на граѓаните кои имаат некој близок во странство легнале во месец мај или 18,7 милиони евра, а приближно иста сума на пари биле префрлени и во последниот месец за кој има статистика – септември. Или гледано по месеци, во јануари работниците од странство испратиле 13,3 милиони евра, во февруари 13,6 милиони евра, во март 16,3, потоа 15,6 во април, 18,7 во мај, 16,5 милиони евра во јуни. Во третото тримесечје лани во јули биле испратени 18,1 милион евра, во август 15,8 и во септември 18,6 милиони евра.

За експертите парите кои печалбарите ги испраќаат во земјава се значајни за домашната економија. Влијаат врз намалувањето на сиромаштијата, но и врз распределбата на доходот, односно го намалуваат јазот меѓу богатите и сиромашните во земјава.

Гледано пак по години, најмногу пари од дијаспората во земјава стигнале во 2015 година – 208,3 милиони евра, а најмалку во последните 15 години во 2005 година – 136,6 милиони евра.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП