27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСламка за спас: ANA нарачала 15 Boeing авиони вредни пет милијарди долари

Сламка за спас: ANA нарачала 15 Boeing авиони вредни пет милијарди долари

Јапонската авиокомпанија ANA нарачала уште 15 Boeing 787 Dreamliner по каталошка цена вредни пет милијарди долари, објави Reuters.

Тоа е прва комерцијална нарачка за проблематичниот американски производител оваа година, бидејќи неговото работење претрпе драстичен пад поради несреќите и скандалите во врска со моделот 737 MAX.

Овој договор, со кој најголемиот јапонски авиопревозник премина од моторите на Rolls-Royce на General Motors, претставува сламка спас за Boeing, кој во јануари за прв пат немаше нарачка што не му се случило со децении.

ANA порача 11 авиони продолжена верзија на 787-10, како и четири пократки 787-9s. Исто така, постои опција да купи уште четири 787-9s. Првата испорака е предвидена за деловната година која почнува од април 2022 година, соопштила денес јапонската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП