4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенечка НЛБ ја купува Комерцијална банка АД Београд

Словенечка НЛБ ја купува Комерцијална банка АД Београд

Комерцијална банка, која држи 11 проценти од српскиот пазар, ќе биде купена од Нова Љубљанска Банка (НЛБ), во која државата Словенија има удел од 25 проценти, пишува спрски „Блиц“.

Како што дознава весникот, таа банка дала најдобра понуда за купување на банката.

Владата и НЛБ банка ги прифатиле условите и сега само преостанува да се потпише договор за купопродажба на 83,23 проценти од акциите на Србија во Комерцијална банка, пренесол соговорникот на „Блиц“, кој доаѓа од Владата на Србија.

Според информациите на Блиц, НЛБ банка доставила понуда која е за неколку десетици милиони евра поголема од понудите на второ рангираниот и трето рангираниот потенцијален купувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП