Компанијата PepsiCo купува кинеска фирма која продава суво овошје и закуски преку интернет.
PepsiCo соопшти дека договорот за купување на Be & Cheery во вредност од 705 милиони долари, ќе му помогне на Pepsi да стане „водечка кинеска компанија за храна и пијалоци насочена кон потрошувачите“.
Вредноста на кинескиот пазар на закуски се зголемил за повеќе од 400 проценти во периодот од 2006 до 2016 година, според проценките на Министерството за трговија на таа земја.
Министерството соопшти дека оваа година очекува пазарот да вреди скоро три трилиони јуани (427 милијарди долари).
Be & Cheery, со седиште во источниот кинески град Хангжу, главно продава ореви, сушено овошје и други закуски преку интернет.
Минатата година фирмата забележа 24,3 милиони долари нето добивка, што претставува скок од 32 проценти во однос на 2018 година.