Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,359.76 9.05%    GRNT 823.80 4.28%    KMB 6,095.78 6.78%    MPT 50,291.21 8.19%    MTUR 4,400.00 0%    OHB 4,300.00 -0.15%    OKTA 3,227.04 9.25%    RMDEN15 99.00 0%    RZUS 59.00 9.26%    SBT 2,381.67 8.93%    STB 940.74 2.93%    STIL 81.00 9.46%    TEL 277.40 3.19%    TKVS 4,880.00 -0.12%    TNB 14,403.00 2.96%    TTK 1,210.00 10%    

Грижата за животната средина e обврска за секој од нас!

Време: 15:37

Датум: февруари 24, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат и да се надополнуваат. Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не завршува со една употреба

Компанијата „Пакомак“ континуирано спроведува активности за едукација и подигнување на свеста кај граѓаните, но и на другите фактори, дека решението за здрава средина е во секој од нас. Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат и да се надополнуваат.

Селекцијата и рециклирањето на отпадот од амбалажа е само еден од аспектите на нашето одговорно однесување, но од исклучително значење за опстанокот на планетата. Најзначајна алка се семејствата што секојдневно мораат да го селектираат и да го одвојуваат отпадот што го создаваат. Пластиката, стаклото, лименките, хартијата, батериите или електронските апарати не смеат да завршуваат на депонија. Нивниот век на траење не завршува со една употреба. Рециклирањето овозможува да се реупотребат како секундарна суровина. На тој начин се заштедуваат ресурси, електрична енергија, а се продолжува и животниот век на депониите.

Една од најзначајните алки во системот, секако, се и колективните постапувачи со отпад од пакување, кои во нашата земја се финансирани од индустријата. Тие, во соработка со општините ја обезбедуваат потребната инфраструктура, контејнери во различни бои за граѓаните најлесно и најефикасно да можат да ја исполнат својата обврска за одвојување на отпадот.

Од основањето на „Пакомак“, па сѐ до денес, нашата компанија како колективен постапувач има донирано стотици контејнери за селективно собирање отпад од пакување за Скопје и за другите градови од државата. Нашата цел е да овозможиме непрекинато да функционира кругот на рециклирањето. Затоа покрај донацијата на контејнери и на канти, дел од средствата со кои располагаме ги инвестираме и во едукација на населението и во подигнување на јавната свест бидејќи тие процеси се тесно поврзани и зависни еден од друг и треба да се развиваат паралелно. Не треба тука да ја заборавиме и помошта која со години наназад ја очекуваме од државата и надлежните институции кој што треба да помогнат во решавање на големиот проблем со неформалните собирачи, бидејки тие групи на луѓе борејки се за егзистенција ги уништуваат контејнерите и скапата опрема која што ние ја поставуваме и донираме на општините, смета Ико Брдароски од „Пакомак“.

Одговорноста за одржлива иднина лежи во секоја индивидуа, која со својот пример мора да ги поттикнува и другите околу себе да се однесуваат на ист начин. Кругот во кој секој треба одговорно да се однесува е затворен и доколку една од алките затајува, целиот систем нема да функционира. Во овој дел од особено големо значење е ефикасното функционирање на општинските комунални претпријатија, кои се задолжени редовно да ги празнат контејнерите и селектираниот отпад да го транспортираат за рециклирање. Обврска на комуналните претпријатија е и секундарната селекција на отпадот, а главната цел е што помалку отпад да завршува на депонија.

А доколку тие не се на соодветно ниво за да ја сервисираат поставената инфраструктура, можеби треба да се размислува за нов модел на функционирање. Зошто да не ја следиме европската пракса каде постои jавно приватно партнерство, односно инфраструктурата за амбалажниот отпад да ја сервисираат приватни оператори, а комуналниот отпад да остане обврска на ЈКП. Оваа реорганизација кај општините и ЈКП несомнено ќе мора да се случи бидејќи целите што ги поставува ЕУ се високи и ќе мора како држава да ги исполниме, како услов за прием во ЕУ. Што порано се случат овие промени тоа подобро бидејќи целата таа реорганизација и кога би се случила нема да даде резултати преку ноќ, ќе треба време, смета Брдаровски

„Пакомак“ има голема општествена одговорност бидејќи учествува во секој сегмент од системот и секојдневно презема активности за тој да функционира.

Досегашните наши искуства говорат дека населението станува свесно за проблемите што може да ги предизвика несоодветното менаџирање на отпадот. Сите наши активности во делот што го работиме, отпадот од пакување, се одлично прифатени од населението. Треба време за да се променат навиките кај луѓето во однос на селектирањето на отпадот. Тоа е процес што е веќе почнат и нема назад. Тоа што нѐ загрижува, за да може кругот на рециклирање беспрекорно да се одвива, е улогата на јавните комунални претпријатија и нивната инертност во однос на нивната одговорност и на обврските што ги имаат од една страна и нивната техничка неподготвеност од друга страна во однос на собирањето отпад од пакување од контејнерите што ги поставуваме. Ние секојдневно добиваме десетици коментари, поплаки, сугестии од демотивирани граѓани дека одредени контејнери со денови не се испразнети за што редовно ги информираме надлежните институции. Очекуваме и се ставаме на располагање и ние да помогнеме во рамките на нашите можности во делот на организација на собирањето на отпадот од пакување бидејќи без тој дел кругот на рециклирање не може да функционира, дополнително изјави Ико Брдароски од „Пакомак“.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Еве кој вид сместување сега најмногу се бара на Airbnb

    Еве кој вид сместување сега најмногу се бара на Airbnb

    Коронавирусот прво и најсилно удри на пазарите на туризам, патувања и сместување, а денес речиси и да нема индустрија која не е погодена и загрозена…

  • Продажбата на H&M потона во март, очекуваат загуба во вториот фискален квартал

    Продажбата на H&M потона во март, очекуваат загуба во вториот фискален квартал

    Шведскиот ланец за облека H&M во петокот извести дека продажбата во март е скоро преполовена поради пандемијата од коронавирусот, предвидувајќи дека вториот фискален квартал ќе…

  • ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

    ЕУ регулатива за намалување на емисијата на CO2 од патничките автомобили

    Автомобилите во Европската Унија емитуваат околу 12 проценти од вкупната емисија на јаглерод диоксид. Од 2009 година ЕУ регулативата поставува задолжителни таргети за намалување на…

  • Прифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

    Прифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

    Во состојба на голема економска и трудова неизвесност, младата популација е онаа категорија која е доста погодена, и стапката на невработеност е највисока токму кај…

  • Лукоил Македонија им доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот

    Лукоил Македонија им доделува гориво на институциите кои се справуваат со коронавирусот

    Лукоил Македонија донесе одлука да додели гориво во вкупна количина од 15.000 литри на институциите кои се во првите борбени редови во справувањето со коронавирусот…

  • DEZINTAL 0,2% во ново пакување

    DEZINTAL 0,2% во ново пакување

  • Македонски Телеком: Корисниците ќе ги добиваат сметките електронски

    Македонски Телеком: Корисниците ќе ги добиваат сметките електронски

    Во услови на вонредна состојба, Владата донесе уредба со законска сила за примена на електронски фактури. Со уредбата, која е донесена како мерка за превенција,…

  • ЕВН донира 200 000 евра за медицинска опрема и материјали

    ЕВН донира 200 000 евра за медицинска опрема и материјали

    Дополнителни 10 000 евра за приклучок на новата монтажна болница ЕВН Македонија донира 200 000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема…

  • Жито: Придонесуваме за дополнителна стабилност на државниот буџет

    Жито: Придонесуваме за дополнителна стабилност на државниот буџет

    Велешкиот трговски синџир „Жито“ донесе одлука активно да се вклучи и да придонесе за дополнителна стабилност на државниот буџет со предвремено плаќање на месечните аконтации…

  • Онлајн надополнување на кредитот и неограничено сурфање на омилените социјални мрежи со А1 Go Social

    Онлајн надополнување на кредитот и неограничено сурфање на омилените социјални мрежи со А1 Go Social

    A1 Македонија оди чекор повеќе во понудата за припејд корисниците на мобилната телефонија, кои сега, додека се дома, можат да ја надополнат својата сметка на…