24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHerbalife поради измама мора да плати 200 милиони долари

Herbalife поради измама мора да плати 200 милиони долари

Herbalife за да избегне судски спор мора да плати 200 милиони долари и да го промени деловниот модел.

Тоа е спогодба за која компанијата се согласи да избегне судски спор поради тврдењата на американските сојузни регулаторни агенции, кои ја обвинија Herbalife за лажење за тоа дека луѓето можат брзо да се збогатат со продажба на нивните производи (протеински прав, чаеви и разни додатоци во исхраната).

Американските регулатори жестоко се спротивставија на деловниот модел на Herbalife, наведувајќи како компанијата ги поттикнала луѓето да станат дистрибутери на нивните производи, заведувајќи ги со брошури полни со вили, луксузни автомобили и бродови и кажувајќи им дека може да дадат отказ на претходните работни места.

„Огромното мнозинство дистрибутери не заработуваат ништо, или заработуваат многу малку“, истакнаа државните агенции, додавајќи дека голем број луѓе изгубиле илјадници долари, откако Herbalife ги навела да отворат „клубови за јадење“ каде луѓето, во замена за дневна такса, може да пијат протеински пијалоци и чај.

„Herbalife ќе мора да почне да работи фер, изјавувајќи само вистински тврдења за тоа колку нејзините членови и вработени можат да заработат“, изјави шефицата на Федералната комисија за трговија, Едит Рамирез.

„Покрај тоа, мора да ги надоместат трошоците на оние кои поради нив претрпеле загуби“, додаде таа.

Herbalife, која минатата година објави приход од 4,47 милијарди долари, во петокот објави дека отфрла голем број обвиненија од федералната агенција, но се согласила на спогодба за да се избегне долг и скап судски процес.

Компанијата се согласи на спогодба од три милиони долари во истрагата која ја започна државното обвинителство на Илиноис.

Истрагата на американската Федерална комисија за трговија во врска со Herbalife е покрената во 2014 година, откако инвеститорот милијардер Вилијам Екман ја обвини компанијата дека функционира според принципот на пирамидална шема на измама.

Во пирамидалната шема на измама, парите собрани од подоцнежните инвеститори обично се користат за исплати на дел од претходните инвеститори, што измамите кај тој дел од инвеститорот на прв поглед му дава кредибилитет. Се разбира, во целата приказна, малку или ништо не се продава или произведува, туку парите се собираат најмногу од оние кои ја иницирале измамата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП