9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 150 починати од коронавирусот во Кина, во Италија почина и трет...

Нови 150 починати од коронавирусот во Кина, во Италија почина и трет човек

Кина денеска соопшти дека има нови 150 нови смртни случаи во епидемијата на коронавирусот, што е нов дневен рекорд откако се појави вирусот. Истовремено властите во Кина објавија и дека 409 луѓе се заразиле со вирусот.

Од тој број 149 починати и 398 заразени се забележани во покраината Хубеи, жариштето на болеста, со што вкупниот број на заразени пораснал на 77.152, а на починати на 2.592.

Наспроти големиот број починати и ширењето на епидемијата во светот, официјалните статистики покажуваат тренд на забавување на ширењето на вирусот во Кина.

Јужна Кореја објави дека денеска починал седмиот заразен, додека бројот на заразени пораснал за 161, односно вкупно 763.

Петмина луѓе починале во болница, која во меѓувреме е изолирана за да се спречи ширењето на вирусот. Градовите Чеонгдо и Даегу се прогласени за опасна зона.

Во Италија почина и трето лице заразено со коронавирус, соопшти регионалниот претставник на Ломбардија, Џулио Галера.

Тој рекол дека жртвата е повозрасна жена од градот Крема, покрај Милано и дека таа боледувала од рак, пренесе Си-ен-ен.

Другите две лица починаа во изминатите 48 часа како последица на заболување од коронавирус.

Се смета дека епидемијата на болеста во Италија е најголема надвор од територијата на Азија.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП