29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTesla продолжува да ја сече шумата поради изградба на Гигафабрика во Германија

Tesla продолжува да ја сече шумата поради изградба на Гигафабрика во Германија

Работите на изградбата на гиганската фабрика на Tesla во Германија ќе продолжат, помалку од една недела откако судот ја прекина сечата на шума на локацијата која е планирана за новата фабрика, пренесува Bloomberg.

Локалните зелени движења претходно се жалеа затоа што производителот на електрични автомобили планирал да исече повеќе од 90 хектари шума во рок од три дена.

Висок управен суд задолжен за Берлин и Бранденбург ја отфрли тужбата и и овозможи на американската фирма да продолжи со уништување на шумата.

Порталот The Verge наведува дека сите понатамошни одложувања може дополнително да го продолжат рокот на изградбата на Гигафабриката, бидејќи следниот месец започнува сезоната на парење на дивечот, што би значело дека, според локалните регулативи, целиот процес ќе биде суспендиран за девет месеци.

Компанијата Tesla претходно објави дека производствениот капацитет во Европа ќе го оспособи до средината на следната година.

Гигафабриката во Грунајд во близина на Берлин ќе биде четвртата фабрика на Tesla, која би требало до 2021 година да произведува 10.000 возила неделно и да вработи до 12.000 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП