20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple можеби ќе им дозволи на корисниците сами да ги бираат стандардните...

Apple можеби ќе им дозволи на корисниците сами да ги бираат стандардните апликации

Инсистирањето на Apple на сопствени стандардни апликации веќе долго време претставува извор на дебата меѓу корисниците. На пример, ако кликнете на линк или на имеил адреса, автоматски ќе се отвори Safari или Apple Mail, дури и ако имате инсталирано некои алтернативни програми од ист тип.

Меѓутоа, изгледа дека тоа во иднина најверојатно ќе се промени, бидејќи постојат индиции дека компанијата размислува да им дозволи на корисниците сами да ги изберат стандардните апликации. Извори блиски до Apple наведуваат дека за сега сè уште се во фаза на идеи, но тоа претставува значајна промена за Apple. Почнувајќи од 2008 година, кога се појави првиот iPhone, ова компанија користи сопствени 38 апликации кои се поставени како стандардни.

Размислувањата за оваа промена, сепак, на никого не му паднаа на памет. Соочен со сè поголеми правни предизвици, Apple размислува да ги “релаксира” своите строги правила кои се однесуваат на апликации на независни производители. На тој начин ќе се обиде да ги избегне идните анти-монополски тужби, но сигурно ќе успее да анимира и некои нови корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП