25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung им испрати чудна нотификација на своите корисници

Samsung им испрати чудна нотификација на своите корисници

Од утрово, интернетот е преплавен со информации како Samsung им испратил на своите корисници чудна нотификација преку апликацијата Find My Mobile. Сè уште никој не знае за што навистина станува збор и која е причината за овие пораки.

Грешка и на телефонот Galaxy Z Flip 

Еден дел од сопствениците на Samsung Galaxy уредите утрово добиле известување во апликацијата Find My Mobile во која пишувало 1. Да, добро прочитавте, само број 1. Па, после него, повторно 1. Се чини дека дошло до некоја грешка, па се чека и официјално соопштение на компанијата Samsung.

Оваа грешка се појавила и на најновиот телефон  Galaxy Z Flip, кој до уредникот на порталот The Verge дошло поради тестирање. Вака чудни грешки не се врзани само за Samsung, имало и порано примери.

На пример, OnePlus испратил текст на кинески, и никој не знаел за што се работи додека компанијата не објаснила дека станува збор за тест на софтвер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП