Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,704.50 7%    BESK 5,643.00 10%    GRNT 790.86 6.03%    KMB 6,027.13 7.4%    MPT 50,496.41 8.52%    MTUR 4,400.00 10%    OKTA 3,000.00 0.99%    STB 885.95 6.61%    TNB 13,878.00 10%    TTK 1,166.00 10%    UNI 1,885.00 5.78%    ZUMS 1,000.00 0%    

Електричните возила се чисти само доколку користат струја од обновливи извори

Време: 10:49

Датум: февруари 19, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Со сѐ поголемата популарност на електричните возила и возилата со нулта емисија на штетни гасови, равенката што ја користи Европската агенција за ефектот врз животната средина се проширува за повеќе параметри. Па така, освен моменталното загадување од издувните гасови на возилата се мери и евидентира и загадувањето што го прави едно возило во текот  на својот животен век.

Анализата на Европската агенција за животна средина за тоа колку загадува едно просечно возило од средна класа во текот на својот животен век (поминати 220.000 километри) во зависност од погонското гориво, покажува дека електричните возила, генерално, се многу енергетски ефикасни во однос на оние што користат фосилни горива. Агенцијата, наведува дека во зависност од тоа како се добива струјата со која се полнат електричните возила, нивната зголемена секојдневна употреба може значително да придонесе за намалување на емисијата на јаглерод диоксид, азотни оксиди и цврсти издувни честички во градовите.

За да се произведат електричните возила на батерии тие загадуваат нешто повеќе во споредба со конвенционалните возила, доколку се земе  предвид посложениот технолошки процес и влијанието на батериите врз животната средина.

Нивната супериорност, во однос на конвенционалните возила, е нагласена во однос на емисијата на штетни гасови кои ги произведуваат додека се користат, односно тие што излегуваат од нивните издувни гасови, каде бензинските и дизел-возилата најголемиот дел од загадувањето во текот на својот животен век го прават додека работат. Интересно е дека дизел-возилата имаат мала предност во однос на бензинските возила, особено поради фактот дека имаат поголема енергетска ефикасност, односно трошат помалку гориво од бензинските возила.

Сепак, ваквата почетна предност на електричните возила во текот на нивниот животен век значително се намалува во однос на конвенционалните возила, па дури и се влошува доколку во пресметката се стави и загадувањето што се прави при производството на погонското гориво. Така, најеколошки во текот на својот животен век се електричните возила кои користат струја добиена, единствено, од обновливи извори, но и тие загадуваат и тоа во просек околу 75 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар во текот на својот животен век. Потоа следуваат електричните возила кои користат струја добиена од мешани извори – со околу 185 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар во текот на својот животен век.

Дизел-возилата емитуваат во просек 210 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар во текот на својот животен век, додека нешто повеќе, околу 280 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар, имаат бензинските возила.

На крајот на скалата, најлоши со околу 305 грама јаглерод диоксид на еден поминат километар во текот на својот животен век се електричните возила кои се полнат на електрична енергија целосно произведена во термоцентрали на јаглен.

 

МАКПЕТРОЛ ИНФО ПОИНТ

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Google донира 800 милиони долари за борба против коронавирусот

    Google донира 800 милиони долари за борба против коронавирусот

    Компанијата Google ќе донира повеќе од 800 милиони долари за поддршка на компаниите, организациите и здравствените работници како дел од своето учество во борбата против коронавирусот.…

  • Авионите на „Визер“ остануваат на земја до 16 април

    Авионите на „Визер“ остануваат на земја до 16 април

    Авиокомпанијата „Визер“ најави дека како резултат на пролонгираните забрани за летање од и до земјава, ќе ја продолжи суспензијата на сите скопски летови до 16…

  • Триглав со добри резултати во 2019 година

    Триглав со добри резултати во 2019 година

    Моментално работењето е прилагодено на тешките услови Надзорниот совет на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 30.03.2020 година го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата…

  • Не плаќаат кирија за време на криза

    Не плаќаат кирија за време на криза

    Познатиот спортски бренд Adidas нема да плати кирија за просториите кои ги изнајмил во Германија. По нивните чекори тргнаа и H&M и Deichmann. H&M веќе престана…

  • Комерцијална банка планира да исплати дивиденда

    Комерцијална банка планира да исплати дивиденда

    Изминативе денови во повеќе медиуми се појавија брифинзи дека НБРСМ е во очекување дека банките ќе задржат поголем дел од остварената добивка во 2019 година…

  • Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

    Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

    НАЈГОЛЕМАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ВО ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО СВОИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ. МАКПЕТРОЛ АД ГО СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ СВОЈОТ ХОТЕЛ ВО МАВРОВО ЗА ДРЖАВЕН…

  • Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    “Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски Телеком ја активира тестната 5G мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на…

  • Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички…

  • Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei ќе инвестира 200 милиони американски долари како поддршка на независните развивачи на хардвер и софтвер за користење на компјутерски решенија на компанијата Huawei. Во…

  • Bosch разви брз тест за коронавирус, Siemens помага со медицинска опрема

    Bosch разви брз тест за коронавирус, Siemens помага со медицинска опрема

    Германскиот технолошки гигант Bosch објави дека развил брз тест за коронавирус, a Siemens најави воспоставување на мрежа за 3D печатење на делови од медицинските уреди. Целосно автоматизираниот тест…