Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,704.50 7%    BESK 5,643.00 10%    GRNT 790.86 6.03%    KMB 6,027.13 7.4%    MPT 50,496.41 8.52%    MTUR 4,400.00 10%    OKTA 3,000.00 0.99%    STB 885.95 6.61%    TNB 13,878.00 10%    TTK 1,166.00 10%    UNI 1,885.00 5.78%    ZUMS 1,000.00 0%    

Македонски Телеком со зголемена добивка во 2019 и раст во сите сегменти

Време: 10:36

Датум: февруари 19, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

  • Пораст на бројот на корисниците во сите сегменти: интернет, телевизија и мобилни услуги  
  • Нето добивката во 2019 година е зголемена за 6,3 отсто
  • Лидер на пазарот во телевизија со раст на корисниците од 6,2 отсто

Македонски Телеком оствари позитивни резултати од работењето во 2019 година. Компанијата ги надмина поставените цели и изминатата година ја заврши со зголемени приходи и раст на нето добивката, во споредба со претходната година. Во 2019 година продолжува трендот на раст на бројот на корисници во мобилната телефонија, интернетот и телевизија. Со постигнувањето позитивни резултати за изминатата година, Македонски Телеком поставува цврста основа за понатамошен развој, инвестиции, модернизација на инфраструктурата и воведување современи технолошки решенија и услуги на пазарот.

Континуиран раст на финансиските параметри

Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2019 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 3,6 отсто и изнесуваат 10,8 милијарди денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,7 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката бележи раст од 6,3 отсто.

Пораст на корисничката база

Македонски Телеком на крајот од 2019 година бележи зголемување на бројот на корисниците во сите сегменти од своето работење. Со раст од 1,2 отсто на корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1,2 милиони претплатници. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4,1 отсто при што вкупниот број изнесува 204 илјади. Македонски Телеком од крајот на вториот квартал во 2019 се позиционира како лидер во ТВ сегментот на пазарот. Со растот на  бројот на корисници за 6,2 отсто (вклучувајќи Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), на крајот од 2019 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од 136 илјади претплатници. MaxTV останува избор број еден за корисниците, пред сè како резултат на ексклузивните содржини, квалитетот, неограничените можности за интеракција и уникатното ТВ искуство.

Продолжува фокусот на инвестиции во мрежата

Македонски Телеком континуирано и со несмалено темпо продолжи да вложува во инфраструктурата и подобрување на сопствените капацитети. Па така, како резултат на инвестициите бројот на домаќинства покриени со оптика е зголемен за 13,6 отсто споредено со претходната година. На крајот од 2019 година, една третина од домаќинствата во земјава имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа од Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија. Во 2019 година компанијата ја постави и првата тестна 5G мрежа во Скопје, при што продолжуваат тестирањата во реални услови и сите неопходни чекори за воведување на 5G технологијата.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Google донира 800 милиони долари за борба против коронавирусот

    Google донира 800 милиони долари за борба против коронавирусот

    Компанијата Google ќе донира повеќе од 800 милиони долари за поддршка на компаниите, организациите и здравствените работници како дел од своето учество во борбата против коронавирусот.…

  • Авионите на „Визер“ остануваат на земја до 16 април

    Авионите на „Визер“ остануваат на земја до 16 април

    Авиокомпанијата „Визер“ најави дека како резултат на пролонгираните забрани за летање од и до земјава, ќе ја продолжи суспензијата на сите скопски летови до 16…

  • Триглав со добри резултати во 2019 година

    Триглав со добри резултати во 2019 година

    Моментално работењето е прилагодено на тешките услови Надзорниот совет на Заваровалница Триглав на седницата одржана на 30.03.2020 година го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата…

  • Не плаќаат кирија за време на криза

    Не плаќаат кирија за време на криза

    Познатиот спортски бренд Adidas нема да плати кирија за просториите кои ги изнајмил во Германија. По нивните чекори тргнаа и H&M и Deichmann. H&M веќе престана…

  • Комерцијална банка планира да исплати дивиденда

    Комерцијална банка планира да исплати дивиденда

    Изминативе денови во повеќе медиуми се појавија брифинзи дека НБРСМ е во очекување дека банките ќе задржат поголем дел од остварената добивка во 2019 година…

  • Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

    Макпетрол АД целосно ги отстапи капацитетите на хотелот „МАКПЕТРОЛ“ во Маврово за државен карантин

    НАЈГОЛЕМАТА НАФТЕНА КОМПАНИЈА ВО ДРЖАВАТА ПРОДОЛЖУВА СО СВОИТЕ АКТИВНОСТИ ВО БОРБА ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ. МАКПЕТРОЛ АД ГО СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ СВОЈОТ ХОТЕЛ ВО МАВРОВО ЗА ДРЖАВЕН…

  • Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    Македонски Телеком: Да не дозволиме лажните вести да креираат дополнителна паника

    “Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски Телеком ја активира тестната 5G мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на…

  • Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Јавното здравје зависи од сите нас, секој е одговорен

    Справувањето со пандемијата на вирусот КОВИД-19 зависи од сите нас. Ова е борба на секој од нас, борба што може да ја добиеме само заеднички…

  • Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei инвестира 200 милиони долари во создавање сопствен компјутерски екосистем

    Huawei ќе инвестира 200 милиони американски долари како поддршка на независните развивачи на хардвер и софтвер за користење на компјутерски решенија на компанијата Huawei. Во…

  • Bosch разви брз тест за коронавирус, Siemens помага со медицинска опрема

    Bosch разви брз тест за коронавирус, Siemens помага со медицинска опрема

    Германскиот технолошки гигант Bosch објави дека развил брз тест за коронавирус, a Siemens најави воспоставување на мрежа за 3D печатење на делови од медицинските уреди. Целосно автоматизираниот тест…