25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi подготвува градски електричен автомобил (фото, видео)

Audi подготвува градски електричен автомобил (фото, видео)

Audi планира производство на мало, градско електрично возило, кое припаѓа на А сегментот.

Возилото, според најавите, ќе биде наменето за европскиот пазар.

Возилото, како што е потврдено од шефот на маркетинг на производи на Audi, Фермин Сонеира Сантос, е во фаза на планирање.

„Сè уште не е дизајниран, но постои шанса да имаме автомобил на MEB, можеби и на MEB Entry платформата, а тука е и E-Tron GT“, изјави Сантос.

Според најавата, овие мали, градски автомобили ќе бидат најевтини во електрогамата.

Првиот од нив треба да биде произведен во 2023 година, нудејќи минимална автономија од 200 километри по полнење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП