19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжува да расте бројот на заразени од коронавирус на крузерот во Јапонија

Продолжува да расте бројот на заразени од коронавирус на крузерот во Јапонија

Уште 67 лица кои се наоѓаат на крузерот „Дајмонд принцез“, закотвен во јапонското пристаниште Јокохама, се заразени со коронавирусот, изјави денеска јапонскиот министер за здравство Какунобу Като.

Со тоа, бројот на заразени на бродот на кој има околу 3.700 патници и членови на екипажот, е зголемен на 286, пренесува „Ројтерс“.

Бродот е ставен во карантин на брегот на Јапонија од 4 февруари, откако беше откриено дека патник кој се симнал во Хонг Конг, бил заразен со коронавирус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП