Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ФИТР воведува нов механизам за поддршка на млади талентирани деца

Време: 09:52

Датум: февруари 15, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Фонд за иновации и технолошки развој организираше консултативна дебата за новиот механизам за финансиска поддршка на младите креативци. ФИТР подготви „Правилник за финансиска поддршка на научно-технолошката извонредност и претприемништвото кај учениците и младите“ – нацрт документ кој има за цел да ги утврди правилата според кои ќе се доделува финансиска и техничка помош на талентирани деца и нивните ментори. Претставници на повеќе образовни институции и граѓански здруженија кои учествуваат на дебатата го оценија овој чекор како позитивен дополнувајќи го со свои сугестии и коментари кои ќе бидат земени во финализирањето на правилникот.

Целта на воспоставувањето на новата мерка е отворање на дополнителни можности за финансирање на младите креативци при што ќе бидат опфатени сите фази, од идентификување на нивниот потенцијал и можности, подготовка за учество на меѓународни натпревари и финансиска поддршка.

Оваа мерка е наменета за сите образовни установи и здруженија кои спроведуваат активности за поддршка на талентирани ученици и студенти или работат на развој на претприемачки способности кај младите.

“Наша должност како општество е да се грижиме за најталентираните и најспособните, но и на сите да им овозможиме еднаков и фер пристап до поддршка за да ги реализираат сопствените потенцијали. Оваа мерка има за цел намалување на одливот на мозоци и унапредување на вештините на талентираните деца потребни за нивно вклучување и лидерство во иновативните и технолошки напредни индустрии. Ова е процес со кој вистински и конкретно ќе вложиме во иднината на оваа држава. Бидејќи вложување во младите е вложување во нашата иднина “, посочи Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој.

Инаку со овој механизам поддршката за научно-технолошка извонредност и претприемништво кај учениците и младите ќе се доделува во вид на грант во износ од минимум 30.000 (триесет илјади) денари до максимум 600.000 (шестотини илјади) денари. Грантот може да го покрива целиот износ на потребното финансирање за предвидените активности. Кофинансирањето обезбедено од други извори, ќе се земе во предвид при бодувањето на апликациите.

Нацрт документот во следните 15 дена ќе биде објавен и на веб страната на Фондот (www.fitr.mk) со цел и пошироката јавност да се вклучи со конструктивни коментари и сугестии. Финалната верзија на документот потоа ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија.

Инаку оваа мерка е дел од пошироката иницијатива на ФИТР од почетокот на 2019 за крерирање на т.н „Фонд за млади умови“- системско решение со кое државата во иднина ќе вложува во развивање и поддршка на таленти кај младите. Во рамките на овој Фонд веќе се интегрирани програмите „Џуниор Ачивмент“, UPSHIFT и Предизвик за млади истражувачи, наменети за ученици од основно и средно.

ФИТР само во изминатата година има инвестирано околу 20 милиони денари во реализација на програми наменети за млади и деца од различни возрасти, со цел поттикнување на нивното критичко размислување и иновативност. Преку програмите на Фондот до сега се поддржани 54 средни и основни училишта со над 500 вклучени ученици и ментори.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Нова банкнота од 20 фунти со ликот на уметникот Вилијам Тарнер ќе се појави од утре во банкоматите и платниот промет во Велика Британија. Оваа…

  • Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Најбогатата жена во Русија е Татјана Бакалчук, сопственик и основач на интернет продавницата Wildberries, објави денеска магазинот Forbes. Нејзиното богатство, според Forbes достигнало 1,4 милијарди…

  • Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата…

  • Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија има намера да воведе нов данок кој ќе го плаќаат претежно големите дигитални компании како Google, Amazon и Facebook, изјави министерката за финансии, Мариа…

  • Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање

    Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање

    Од денес граѓаните имаат можност да се информираат за јавниот долг преку новата алатка за транспарентност javendolg.open.finance.gov.mk, која ја изработи Министерството за финансии со поддршка…

  • Почина креаторот на “copy-paste”

    Почина креаторот на “copy-paste”

    Пионерот во компјутерската технологија, Лери Теслер, креаторот на “cut”, “copy” и “paste”, почина на 74-годишна возраст. Теслер започна да работи во Силиконската долина во раните…

  • Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Неизвесните ефекти од Брегзит принудија голем број странски компании да отворат канцеларии во Холандија, соопшти холандската агенција за странски инвестиции, додавајќи дека од референдумот за…

  • За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра странски инвестиции

    За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра странски инвестиции

    За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра директни странски инвестиции – покажуваат податоците на Народната банка. Бројките покажуваат дека не „цветаат рози“ во…

  • Ковид-19: 2.126 лица починаа, бројот на заразени се намалува

    Ковид-19: 2.126 лица починаа, бројот на заразени се намалува

    Од коронавирусот (ковид-19) досега починале 2.126 лица, заразени се 75.600, а во последните 24 часа во кинеската провинција Хубеи, каде за прв пат се појави…

  • Претпладне врнежи од дожд, попладне ќе престанат

    Претпладне врнежи од дожд, попладне ќе престанат

    Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и…