29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Nestle минатата година пораснала за дури 24 проценти благодарение на...

Добивката на Nestle минатата година пораснала за дури 24 проценти благодарение на продажбата во одделот за нега на кожа

Швајцарскиот гигант за храна Nestle објави дека нето профитот му скокнал за 24 проценти во однос на претходната година, на 12,6 милијарди франци, што во најголем дел е благодарение на продажбата за нега на кожа.

Имено, Nestle го продаде одделот за нега на кожа за 10,2 милијарди франци на шведски и канадски, и инвеститори од Абу Даби, како дел од постојаните напори да се фокусира на производи кои повеќе ветуваат во основното работење со храна и пијалоци. Приходите на компанијата, сепак, се зголемиле за 1,2 проценти минатата година, на 92,6 милијарди франци, се вели во деловниот извештај на швајцарската компанија, објавен во четвртокот.

Кога се исклучуваат промените во девизниот курс и продажбата на подружниците, се зголемени за 3,5 проценти, најмногу од 2015 година.

Добрите резултати во работењето со производи за миленичиња и со кафе помогнале да се забрза тој раст, со дополнително позитивно влијание на производите на Starbucks, за кои Nestle е овластен да ги продава во супермаркети. Треба да се додаде на тоа и двоцифрениот раст на продажбата на вегетаријанска и храна од растително потекло, со вкупен приход од скоро 200 милиони франци.

Nestle соопшти дека очекува уште посилен раст оваа година, без да наведе нумерички проценки за можното влијание на епидемијата на коронавирусот во Кина и другите земји врз деловните резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП