Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,931.87 0.24%    BESK 5,700.00 0%    GRNT 940.00 -1.25%    KMB 5,997.97 -0.02%    MPT 66,000.00 1.54%    RZIN 46.00 -48.89%    SBT 2,600.33 0.01%    TNB 16,500.00 0.92%    TTK 1,282.00 0%    ZPOG 1,800.00 0%    

А1 Македонија за најмладите: Продолжуваат едукативните работилници од програмата „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно

Време: 14:04

Датум: февруари 14, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

А1 Македонија со задоволство го најавува продолжувањето на  едукативната програма „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“, наменета за учениците од четврто одделение. Годинава, за разлика од претходните,  најмалите членови на А1 семејството имаат можност да го пријават своето одделение и да присуствуваат на работилниците организирани во просториите на компанијата. Денес се одржа и првата работилница од овогодинешниот циклус за учениците од ОУ ‘Кочо Рацин’, предводена  од страна на волонтери – предавачи вработени во А1 Македонија.

„Големиот интерес од страна на учениците, наставниот кадар во основните училишта како и на родителите на ученици од четврто одделение вработени во А1 Македонија, не поттикнаа и оваа година да продолжиме со организација и предавања на темата безбеден интернет. Секој родител во соработка со училиштето има можност да пријави паралелка или цела генерација четврдоодделенци за реализација на едукативната работилница во просториите на компанијата. Горди сме што со оваа програма придонесуваме кон едукација на најмладите и кон нивна соодветна подготовка за иднината и дигиталниот свет и што уште еднаш ја потврдуваме својата јасна определба да вложуваме во заедницата каде работиме и живееме,” – изјави Емилија Зографска, од одделот за Корпоративни комуникации на A1 Македонија.

Целта на проектот е едукација на учениците за подобро и паметно користење на интернет, како да се заштитат од можни опасности при користењето на интернет и социјални мрежи, како и подигање на свеста на пошироката јавност за етичко и одговорно однесување при користењето на интернет. Преку различни алатки, програми и тренинзи, учениците стекнуваат неопходни компетенции за нивно активно вклучување во општественото живеење во ерата на дигитализацијата. Во рамките на 60-минутните предавања, волонтерите од А1 Македонија, на интересен и забавен начин, преку практични примери и ситуации, на децата им ја доловија суштината на интернетот, со особен фокус на безбедноста при користењето.

 

За проектот:

  • Проектот започна во 2018та година на територијата на град Скопје, кога предавањата ги проследија повеќе од 700 четврто-одделенци, од 28 македонски и албански паралелки, а активно беа вклучени повеќе од 70 наставници, директори, педагози и психолози од училиштата.
  • Поради успехот и потребата од ваков тип на работилници, во 2019та година проектот успешно продолжи да се одвива во 12 општини низ целата земја.
  • Едукативната програма „Интернетот не е само игра…Кликај безбедно“ е добитник на признанието во категоријата “Однос кон заедницата”, што го доделува Координативното тело за општествена одговорност на претпријатија и Министерството за економија.
  • Програмата се реализира во соработка со Министерството за образование на Република Македонија, а со одобрение на Бирото за развој на образованието. Дел е од иницијативата “Интернет за сите” на А1 Телеком Австрија Групацијата, која во Македонија започна во 2013 година. Со програмата досега се опфатени повеќе од 2000 ученици.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Apple“ нема да плати даноци во Ирска во вредност од 13 милијарди евра

    „Apple“ нема да плати даноци во Ирска во вредност од 13 милијарди евра

    Европскиот суд на правдата ја поништи одлуката на Европската комисија (ЕК) да побара од „Apple“ да плати 13 милијарди евра даноци на Ирска, пишува „CNBC“.…

  • „Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал

    „Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал

    Американскиот производител „Boeing“ испорача само 20 авиони во вториот квартал, што не е неочекувано, но исто така и не е добро. Сагата околку моделот „737…

  • Растот на приходите на „Huawei“ забавува под притисок на САД

    Растот на приходите на „Huawei“ забавува под притисок на САД

    Кинескиот технолошки гигант „Huawei Technologies“ објави раст на приходите од 13,1% во првата половина од годинава, покажувајќи послаб раст, додека американските власти продолжуваат да вршат…

  • Познато виски ќе се продава во хартиена амбалажа

    Познато виски ќе се продава во хартиена амбалажа

    Johnnie Walker, виски старо скоро 200 години, наскоро ќе се продава во хартиена амбалажа. Diageo, компанијата која е сопственик на овој бренд, соопшти дека планира…

  • Искористи ги летните викенди за брза и интересна преобразба на домот

    Искористи ги летните викенди за брза и интересна преобразба на домот

    Копнеете по нов, модерно уреден дом? Сакате промена, но немате идеи? Што велите за мала, викенд преобразба? Следуваат неколку интересни предлози кои ќе ви помогнат…

  • Џек Ма продаде акции на „Alibaba“ за 8 милијарди долари

    Џек Ма продаде акции на „Alibaba“ за 8 милијарди долари

    Ко-основачите на „Alibaba“ значително го намалија својот удел во компанијата, откако продадоа акции во вредност од милијарди долари во изминатата година, пренесува „Reuters“. Годишниот извештај…

  • Најголемите светски банки се во Кина, HSBC најголема во Европа

    Најголемите светски банки се во Кина, HSBC најголема во Европа

    Најголемите светски банки се лоцирани во Кина, покажува ранг листата на магазинот The Banker. Industrial & Comercial bank of China, со седиште во Пекинг е најголемата…

  • Банкротираше бренд кој траеше 2 века и облече 40 претседатели

    Банкротираше бренд кој траеше 2 века и облече 40 претседатели

    Brooks Brothers, продававница за машка облека која постои веќе 200 години и која облече 40 американски претседатели, поднесе барање за банкрот. Познат е и како…

  • А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

    А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

    Новите активации на Е-сметка можност за освојување на електричен велосипед Електронските услуги и процесот на дигитализација кои станаа наше секојдневие, се поттик повеќе за А1…

  • Коронавирусот го зголемува корпоративниот долг за рекордни 1 трилион долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

    Коронавирусот го зголемува корпоративниот долг за рекордни 1 трилион долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

    Компаниите ширум светот оваа година ќе го зголемат својот долг до 1 трилион долари во обид да ги стабилизираат своите финансии среде пандемијата на коронавирус.…