29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГигант за пет минути изгуби 17 милијарди долари

Гигант за пет минути изгуби 17 милијарди долари

Акциите на Microsoft вчера паднаа откако федералниот судија нареди привремено прекинување на договорот JEDI кој Пентагон и го додели на компанијата минатата година.

Поради падот на вредноста на акциите, технолошкиот гигант за само пет минути изгуби 17 милијарди долари пазарна вредност.

Пазарната вредност на Microsoft сега е околу 1,4 трилиони долари, покажуваат податоците на Bloomberg.

Тоа е третата највредна компанија во светот зад Apple и Saudi Aramco, кои вредат 1,43 трилиони и 1,77 трилиони долари.

Судот донесе одлука откако Amazon минатата недела поднесе барање до Министерството за одбрана да го прекине договорот вреден 10 милијарди долари, наречен Заеднички проект за одбранбена инфраструктура (JEDI).

Целта на проектот е да се изгради (т.н облак) за складирање и управување со чувствителни воени и одбранбени податоци.

Пентагон го додели овој проект на Microsoft, и со тоа го отстрани од игра Amazon кој се сметаше за фаворит. После загубата, Amazon се обиде да ја оспори одлуката, обвинувајќи го Пентагон за пристрасност.

Судот донесе одлука за привремено прекинување на доделување проект додека правната битка на гигантите за овој договор продолжува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП