28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинималните плати во земјите на ЕУ во пораст

Минималните плати во земјите на ЕУ во пораст

Просечните минимални плати ширум Европската унија се зголемуваат, се наведува во студијата објавена од Институтот за економски и социјални истражувања (WSI) во рамките на Фондацијата Hans Bockler.

Во текот на една година, според студијата, минималните плати во земјите на Европската Унија се зголемиле номинално за шест проценти, односно 4,4 проценти кога се зема предвид инфлацијата, се наведува во студијата.

Двете бројки претставуваат „втора највисока стапка на раст во последните две децении“, пренесува Xinhua.

Австрија, Финска, Шведска, Данска и Италија се единствените земји во ЕУ кои немаат законска обврзувачка минимална плата, се наведува во студијата. Но, во повеќето од овие земји постои многу високо ниво на синдикално претставување.

На почетокот на годината, 18 земји на ЕУ ја зголемиле минималната плата.

Британија планира да ја зголеми минималната плата во наредните недели.

„2020 година. би можела да биде година на минималната плата во Европа“, велат експертите за плати при WSI, Торстен Шултен и Малта Лубекер.

Во студијата се наведува дека „поинтензивните зголемувања“ се резултат на дискусии и индивидуални владини иницијативи кои имале цел „покачување на минималните плати до ниво кое ќе гарантира добар животен стандард“.

Во рамките на ЕУ, минималните плати на почетокот на 2020 година покажаа „значителен опсег“, од само 1,87 евра на час во Бугарија, до 12,38 евра во Луксембург, се наведува во студијата на WSI.

За 9,35 евра на час, германската минимална плата беше „сè уште значително помала“ од висината на минималната плата во повеќето западноевропски земји со најмалку 9,66 евра на час, се наведува во студијата.

Германскиот синдикат ver.di неодамна побара зголемување на минималните плати од најмалку 12 евра на час во Германија. На почетокот на годината, минималната плата во Германија се зголеми за само 0,16 проценти.

„Голем број работници не се заштитени со колективни договори во Германија“, изјавил Ралф Крамер од синдикатот ver.di за Xinhua, и нагласил дека законодавните мерки мора да го „зајакнат“ регулирањето на платите и работните услови преку колективни договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП