27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИсчезнуваат една по друга: Авиокомпанија прогласи банкрот

Исчезнуваат една по друга: Авиокомпанија прогласи банкрот

Турската авиокомпанија AtlasGlobal, на 12 февруари, поднесе барање за банкрот по неколкумесечните шпекулации.

Компанијата имаше финансиски проблеми од ноември 2019 година и привремено ги прекина летовите од 26 ноември до 21 декември 2019 година, наведувајќи реструктуирање како главна причина.

Меѓутоа, AtlasGlobal сега официјално банкротираше и ги замолила своите вработени да не доаѓаат на работа на 13 февруари.

Компанијата во соопштението навела дека вработените работеле на неутрализирање на трошоците на патничките билети.

Компанијата кон средината на ноември ги прекина сите летови поради немање пари за понатамошно работење, а од средината на декември некои од летовите биле обновени. Меѓутоа, тоа не беше доволно. Тековни пари за редовно работење нема, па компанијата е принудена да престане со работа.

Покрај турската компанија, италијанскиот превозник Air Italy објави дека влегува во процес на ликвидација поради финансиски проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП