Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Макпетрол презентираше ново упатство за безбедно ракување и користење на своите производи

Време: 14:15

Датум: февруари 13, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Денеска, на прес-конференција, компанијата промовираше уште една безбедносна мерка, односно кратко упатство за безбедно ракување и користење на боците со ТНГ.

Во ова време кога светот е во потрага по горива со помала емисија на штетни материи, природниот гас и течниот нафтен гас (ТНГ)  стануваат се поважни. Тие заменуваат повеќе видови на горива-загадувачи, помалку го загадуваат воздухот и емитуваат помали емисии на јаглероден диоксид при нивното согорување“.

 

Во нашата земја се поголем број на домаќинства го користат ова гориво, па токму поради тоа денешниот настан е посветен на една новина поврзана со продажбата на ТНГ, односно течниот нафтен гас за домаќинства.

Течниот нафтен гас во боци е мешавина од пропан и бутан што се полни во боци со тежина од 2, 3, 5, 10, 23, 35 кг, како и боци за вилјушкари од 23 кг. Истите се применуваат секаде каде што е потребен лесно пренослив енергенс што, истовремено, едноставно и сигурно се доставува. Како замена за електричната и другите видови енергии, боците со ТНГ се користат во домаќинствата, индустријата, занаетчиството и тн.

 Како компанија која се грижи за своите потрошувачи сметавме дека е потребна одредена едукација на потрошувачите на ТНГ за домаќинства бидејќи при користење на алтернативни горива можно е да се соочиме со одредени опасности доколку правилно не се употребуваат.

Макпетрол досега има преземено низа соодветни безбедносни мерки и препораки што се однесуваат на  безбедно ракување и користење на овој производ. Имено, компанијата поседува своја современа карусел полнилница каде што се врши проверка на наполнетоста на секоја боца, а по завршениот процес на полнење и проверка на исправноста, се врши поставување на специјални заштитни капи на вентилите на боците, со што се гарантира точноста на наполнетоста на боците и нивната техничка исправност. Макпетрол е единствен на пазарот во републиката што поседува сертифициран сервис за контрола и сервисирање плински боци и противпожарни апарати со што се обезбедува нивна максимална исправност и претставува гаранција за сигурноста и безбедноста при ракување со пропан-бутан гасот.“ – кажа Сашо Дамчевски, раководител на полнилница Миладиновци – Макпетрол.

Упатството во форма на отпечатен пластичен диск отсега ќе биде составен дел од боците со ТНГ на Макпетрол. Преку оваа новина корисниците ќе бидат соодветно информирани за потребните безбедносни мерки за ракување, користење и чување на боците ТНГ за домаќинства.

Од денес, вака опремени боци ќе бидат достапни на сите бензински станици на Макпетрол каде што се продаваат боци со ТНГ за домаќинства, така што ова кратко упатство ќе го добијат сите наши потрошувачи-корисници на боците со ТНГ за домаќинства и при тоа, што е најважно, значително ќе се зголеми степенот на безбедно ракување и користење на боците со ТНГ.

 

Макпетрол следејќи ги светските стандарди и понатаму ќе продолжи да се грижи да обезбеди квалитетни услуги и производи. Горди сме што можеме да кажеме дека Макпетрол овозможува квалитетен пакет кој го сочинуваат производите и услугите поврзани со истите, бидејќи веруваме дека нашите потрошувачи тоа и го заслужуваат. Оваа заложба на компанијата е препознаена и наградена од нашите верни корисници што секогаш ни претставува поттик за нашата понатамошна работа.“ – додаде Мишко Тасевски, раководител на сектор маркетинг – Макпетрол.

Потсетуваме исто така, дека во наредниот период, како составен дел на боците за домаќинство на Макпетрол ќе биде и специјален клуч за затегнување на матицата од регулаторот на притисок кон боцата за течен нафтен гас со што значително ќе се олесни приклучувањето на боцата кон потрошувачите од домаќинствата што користат ТНГ.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нова понуда за станбен кредит на Охридска банка: Станбен кредит на Охридска банка со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

    Нова понуда за станбен кредит на Охридска банка: Станбен кредит на Охридска банка со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

    Од денеска, Охридска банка го збогатува своето портфолио на производи со нов тип на станбен кредит, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови; најдолго…

  • Нови грешки на авионите на Boeing

    Нови грешки на авионите на Boeing

    Boeing 737 MAX се соочува со потенцијални нови безбедносни проблеми. Поточно, пронајдени се пукнатини во резервоарите за гориво на неколку нови авиони кои се наоѓале во…

  • А1 Македонија за деловните корисници: A1 Business, подарок таблет и Office 365

    А1 Македонија за деловните корисници: A1 Business, подарок таблет и Office 365

    Со цел засилување на процесот на дигитална трансформација како и флексибилно работење, А1 Македонија го збогатува своето портфолио со нова понуда за деловни корисници на…

  • Nokia ја презема Elenion Technologies

    Nokia ја презема Elenion Technologies

    Финскиот производител на телекомуникациска мрежа Nokia Oyj изјави во средата дека се согласил да ја преземе приватната американска компанија Elenion Technologies со седиште во САД поради подобрување на…

  • Пет години гаранција на одбрани Samsung уреди од бела техника

    Пет години гаранција на одбрани Samsung уреди од бела техника

    Samsung пружа пет години гаранција на одредени модели на машини за перење алишта, фрижидери и вградена техника, купени во период од 15.02. до 30.06.2020. година,…

  • ЕВН Македонија доби награда за долготрајното членство во Стопанската комора на Македонија

    ЕВН Македонија доби награда за долготрајното членство во Стопанската комора на Македонија

    На одбележувањето на 98-та годишнина од постоењето на Стопанската комора на Македонија, ЕВН Македонија беше одликувана со „Награда за долготраен активен член на Стопанската комора…

  • Лош ден: Гигантот загуби 34 милијарди долари

    Лош ден: Гигантот загуби 34 милијарди долари

    Акциите на Apple паднаа за време на тргувањето во вторникот за 2,6 проценти во еден момент. Тоа избриша 34 милијарди долари пазарна вредност на американската…

  • Бренсон ја “запали” берзата: Акциите на Virgin Galactic веќе скокнаа 200 проценти

    Бренсон ја “запали” берзата: Акциите на Virgin Galactic веќе скокнаа 200 проценти

    Акциите на компанијата Virgin Galactic, чиј сопственик е светски познатиот бизнисмен Ричард Бренсон, пораснаа од почетокот на годинава за дури 160 проценти. Само во текот…

  • Електричните возила се чисти само доколку користат струја од обновливи извори

    Електричните возила се чисти само доколку користат струја од обновливи извори

    Со сѐ поголемата популарност на електричните возила и возилата со нулта емисија на штетни гасови, равенката што ја користи Европската агенција за ефектот врз животната…

  • Македонски Телеком со зголемена добивка во 2019 и раст во сите сегменти

    Македонски Телеком со зголемена добивка во 2019 и раст во сите сегменти

    Пораст на бројот на корисниците во сите сегменти: интернет, телевизија и мобилни услуги   Нето добивката во 2019 година е зголемена за 6,3 отсто Лидер…