26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple сè повеќе ќе се потпира на тајванските добавувачи

Apple сè повеќе ќе се потпира на тајванските добавувачи

Apple објави дека со своите добавувачи на компоненти од Тајван работи на неколку нови производи, а меѓу нив се споменуваат и AirPod Pro Lite слушалките.

Другите производи ја вклучуваат следната генерација на iPad таблети, Apple Watch и неколку iMac модели, кои би требало да бидат претставени во наредните неколку месеци (освен новиот Apple Watch, кој најверојатно ќе биде претставен дури во септември).

Споменатите AirPod Pro Lite слушалки поминале без дополнителни детали, а оваа информација била „скриена“ во извештајот кој се однесува за преместувањето на компонентите во Тајван, пред се поради географската диверзификација на добавувачите на Apple, но и поради епидемијата на корона вирусот, која се заканува  сериозно да го загрози производството во Кина.

Apple има развиени партнерства со компании од Кина и Тајван. Меѓутоа, во иднина планира да стави поголем акцент на тајванските партнери за да избегнат евентуални недостатоци на делови за своите нови производи, бидејќи епидемијата во Кина значително го зголеми ризикот тоа да се случи. Исто така, од истата причина, Apple верува дека постои реална шанса во иднина испораките на делови за овие уреди од Кина да доцнат, па фокусирањето на Тајван е стратешка одлука која има за цел да предупреди такво сценарио.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП