Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

Мобилната апликација Мојот А1 со нови функционалности

Време: 11:48

Датум: февруари 13, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

А1 Македонија како компанија која постојано работи на подобрување на дигиталното корисничко искуство континуирано воведува нови функционалности на мобилната апликација Мојот А1, достапна на Google Play и на App Store.

Новата верзија на Мојот А1 на корисниците им дава детален увид во моменталната состојба за тековниот месец, како дополнување на досегашната можност за детален увид во сметките од последните 5 месеци. Покрај детален увид во сметките, корисниците имаат вкупен преглед на сметките за своите А1 услуги, за последните 12 месеци. Сето ова придонесува корисникот да има целосна контрола на трошоците, лесен и постојан пристап до важните информации и едноставно и брзо менаџирање на своите А1 услуги преку мобилната апликација.

Во насока на целосно дигитално корисничко искуство, Мојот А1 овозможува активација на електронска сметка, едноставно и брзо, преку внесување на е-мејл адреса на корисникот. По активација на електронската сметка, следната издадена сметка корисникот наместо во печатена форма преку пошта, ќе ја добие во електронска форма на е-мејл адресата која ја оставил преку апликацијата.

Со активација на електронската сметка корисникот веднаш и навремено ќе има пристап до сметките во PDF формат, со што придонесува кон зачувување на животната средина.

Преку апликацијата Мојот А1 корисниците лесно, брзо и безбедно може да ги платат своите сметки за сите А1 услуги со дебитна или кредитна картичка, во секое време.

Преку користење на дигиталните услуги на А1 Македонија, корисниците добиваат можност да го заштедат своето време, а истовремено и да придонесат кон зачувување на животната средина.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Goldman Sachs“ ја намали својата квартална добивка за 85%, како резултат на трошоците од „1MDB“

    „Goldman Sachs“ ја намали својата квартална добивка за 85%, како резултат на трошоците од „1MDB“

    „Goldman Sachs“ ги зголеми своите резерви за уште 2,01 милијарди долари, откако постигна договор со малезиските власти во врска со истрагите за улогата на банката…

  • „T-Mobile“ го замени „АТ&Т“ и стана втор по големина телеком во САД

    „T-Mobile“ го замени „АТ&Т“ и стана втор по големина телеком во САД

    „T-Mobile“ привлече повеќе месечни претплатници отколку што се очекуваше во вториот квартал и најави дека е пред својот конкурент „АТ&Т“, а со тоа стана втор…

  • Македонијатурист А.Д прокнижи загуби во првите шест месеци од 2020 година

    Македонијатурист А.Д прокнижи загуби во првите шест месеци од 2020 година

    Друштвото во првите шест месеци од 2020 година од својата основна дејност- хотелски и ресторански услуги  како и од други споредни дејности оствари  негативен финансиски…

  • НЛБ Банка прокнижи добивка од 705 милиони денари за периодот јануари-јуни 2020

    НЛБ Банка прокнижи добивка од 705 милиони денари за периодот јануари-јуни 2020

    НЛБ Банка АД Скопје за периодот јануари-јуни 2020 година оствари нето добивка во износ од 705.377 илјади МКД, што претставува намалување за 26,8% во однос…

  • „Hilton“ објави загуба од 430 милиони евра и очекува долго закрепнување

    „Hilton“ објави загуба од 430 милиони евра и очекува долго закрепнување

    Американската хотелска групација „Hilton“ предупреди дека има „долг пат“ да се опорави, откако ги објави еден од најлошите квартали во историјата, бидејќи пандемијата ја турна…

  • „Lufthansa“ губи по 450.000 евра на час и планира драстични отпуштања

    „Lufthansa“ губи по 450.000 евра на час и планира драстични отпуштања

    Некогаш најголемата авиокомпанија по приходи во Европа, „Deutsche Lufthansa AG“ предупреди дека присилните отпуштања во Германија се повеќе од веројатни поради бавниот напредок на преговорите…

  • Telekom MK апликацијата постојано станува подобра

    Telekom MK апликацијата постојано станува подобра

    Нови функционалности: продолжување договор и промена на тарифен модел Промотивна понуда само преку Telekom МК: 2.000 денари дополнителен попуст за смартфон со продолжување договор и…

  • Богатството на Цукерберг се искачи на 100 милијарди долари

    Богатството на Цукерберг се искачи на 100 милијарди долари

    Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг достигна 100 милијарди долари, откако социјалната мрежа започна со нова услуга на куси видеа, пренесе Би-би-си. Компанијата пред…

  • ИутеКредит и Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг

    ИутеКредит и Нептун со ново иновативно решение за онлајн шопинг

    Насочени кон комплетна дигитализација на финасиските услуги и константно изнаоѓање на иновативни решенија кои ќе го поедностават начинот на купување онлајн, ИутеКредит Македонија во партнерство…

  • Македонски Телеком со зголемени приходи и раст во интернет и ТВ сегментот во првите шест месеци од 2020 година

    Македонски Телеком со зголемени приходи и раст во интернет и ТВ сегментот во првите шест месеци од 2020 година

    Македонски Телеком во првите шест месеци од 2020 година бележи добри резултати наспроти сите предизвици на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата. Продолжува трендот на…