25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПовеќе од два милијарди корисници: Четвртина планета ја користи оваа апликација за...

Повеќе од два милијарди корисници: Четвртина планета ја користи оваа апликација за допишување

WhatsApp на својот блог објави дека имаат повеќе од две милијарди корисници.

WhatsApp ја искористи оваа објава за да ја истакне својата посветеност за безбедноста – став кој доведе до критики од пратеници и политичари во некои земји.

„Силното криптирање е неопходно во современиот живот. Нема да направиме компромис за безбедноста“, пишува на официјалниот блог на WhatsApp.

Веројатно, овој дел од безбедноста е објавен на блогот како одговор на критиките кои WhatsApp ги добиваше во последно време.

Тие критики не се без причина. Во последните неколку месеци, WhatsApp се соочи со повеќе безбедносни проблеми, а познат е случајот со „хакирањето“ на Џеф Безос, основачот на Amazon.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП