26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТТК Банка АД Скопје прокнижи добивка од над 100 милиони денари за...

ТТК Банка АД Скопје прокнижи добивка од над 100 милиони денари за 2019 година

Нето-приходите од камати претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето на ТТК Банка АД Скопје. Остварените нето приходи од камати во периодот од 1.1.2019 до 31.12.2019 година изнесуваат 268,1 милиони денари и бележат пад од 1% во однос на истиот период минатата година, што главно произлегува од секторот финансиски институции и банки, како и од секторот стопанство. Планираните нето-приходи од камати се остварени со 96,5% од Буџетот.

Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 139,4 милиони денари и се зголемени за 10,4% во однос на минатата година. Најголем придонес во генерирањето на приходите од провизија има платниот промет во земјата како од секторот население така и од секторот стопанство, како и приходите од провизии од финансиската активност – кредитирање. Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 99,6% од планираните за овој период.

Нето-приходите од тргување изнесуваат 16,5 милиони денари и во однос на минатата година бележат зголемување за 12,3 милиони денари, а се остварени со 315% од планираните за овој период.

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 79,6 милиони денари и се остварени со 94,9% од планираните за овој период.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 327,3 милиони денари и во однос на минатата година се повисоки за 2,1%, како резултат на повисоки трошоци за плати и вработени, трошоци за надомести и трошоци за амортизација и покрај пониските оперативни и материјални трошоци. Планот е остварен со 96,0%.

Во споменатиов период, исправката на вредноста на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 61,8 милиони денари и истата соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа изнесува 1,7 милиони денари.

Финансискиот резултат за периодот јануари – декември 2019 година е позитивен и изнесува 108,4 милиони денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП