19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБараат 90 милиони долари: Автомобилскиот гигант бара поранешниот директор да ја надомести...

Бараат 90 милиони долари: Автомобилскиот гигант бара поранешниот директор да ја надомести штетата

Компанијата Nissan Motor денес објави дека поднела тужба против својот поранешен извршен директор Карлос Госн.

Nissan бара од него да плати 10 милијарди јени (90 милиони долари) за да помогне во санирање на штетата предизвикана од „години на лошо работење и измамничка активност“.

Производителот на автомобили поднел тужба против Госн на суд во Јокохама.

Сумата која ја бара Nissan, најверојатно, ќе се зголеми бидејќи компанијата очекува тој да ги плати сите финансиски казни „за време на кривичната постапка во врска со однесувањето на Госн“, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП