26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе раѓа нов гигант: Одобрено спојување на T-Mobile со Sprint

Се раѓа нов гигант: Одобрено спојување на T-Mobile со Sprint

Американскиот сојузен суд донесе одлука во корист на T-Mobile за превземање на компанијата Sprint, што дополнително ќе се концентрира на сопственоста над телекомуникациите во САД.

Со ова се спојуваат третиот и четвртиот најголем безжичен оператор во САД, што ќе создаде нов гигант кој ќе ги надмине ривалите АТ&Т и Verizon.

Одлуката, донесена од судијата Виктор Мареро од Окружниот суд во Менхетен, доаѓа по специјалнaта тужба која во јуни ја поднеле обвинители од 13 држави и од округот Колумбија.

Државите тврделе дека комбинацијата на T-Mobile и Sprint ќе ја намали конкуренцијата во телекомуникациската индустрија, ќе доведе до повисоки цени на мобилните услуги и ќе создаде поголем финансиски товар на клиентите со пониски приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП