23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците на Apple ќе можат да ги палат своите автомобили преку iPhone

Корисниците на Apple ќе можат да ги палат своите автомобили преку iPhone

Apple ја објави првата бета верзија за iOS 13.4, каде се појави досега ненајавена опција која на корисниците би можела да им овозможи да ги отклучуваат, заклучуваат и палат своите автомобили преку iPhone или Apple Watch.

Во рамките на iOS 13.4 бета верзијата, може да се види опција „CarKey“, која ќе фукционира со возила кои имаат NFC компатибилност. Се очекува дигиталниот клуч да се појави во рамките на Wallet апликацијата, што значи дека корисниците ќе можат да ги делат клучевите со други, а и во случај на некој да му го позајмат автомобилот.

Некои производители на корисниците веќе им дозволија да ги користат своите телефони како клучеви, но се работи за функции кои се генерално ограничени. На пример, така Hyundai, има слична апликација, но функционира само со моделот 2020 Sonata, додека, како што се тврди, дигиталниот клуч на Apple ќе функционира со повеќе автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП