19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поевтини горива

Од денеска поевтини горива

Бензинот Еуросупер БС-95 и Еуродизел (Д-Е V) поевтинија за половина денар, Еуросупер БС-98 за денар, а Екстра лесното масло за домаќинство 1,5 денари, согласно со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика стапи на сила од ноќеска на полноќ.

Новата цена на Еуросупер БС-95 изнесува 65,50 денари, а 67,50 денари на Еуросупер БС-98. Литар дизел сега се продава за 57,50 денари, е екстра лесното масло за домаќинство по 46 денари за литар.

За 2,028 денари по килограм се намали цената на маузтот М-1 НЦ и килограм од тој енергенс чини 32,894 денари.

Намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 2,41 процент.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на цената нанафтените деривати на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП