4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГермански гигант става катанец, коронавирусот ја намали продажбата

Германски гигант става катанец, коронавирусот ја намали продажбата

Германскиот производител на спортска облека Adidas објави дека „морал привремено да затвори значителен број“ од своите продавници во Кина поради епидемијата на новиот коронавирус кој има „негативен ефект“ врз продажбата.

Слични затворања имало и во мрежата на франшизни продавници, додала групацијата Herzogenaurach во изјава за AFP.

Групацијата вели дека ги применува „локалните упатства“, што на пример, во Шангај, значи дека продавниците затворени поради прославата на Кинеската Нова Година нема да работат до 9 февруари.

Adidas има 500 продавници во Кина и сопствена мрежа од околу 11.500 франшизи.

Епидемија на новиот коронавирус веќе има „негативен ефект“ врз активности на Adidas во Кина, кои нагло пораснале во последните неколку години, соопшти баварската групација, без да прецизираат детали.

Неговиот американски ривал Nike во вторникот изјави дека на краток рок очекува „големо влијание“ на својата активност во Кина, каде што исто така затвора продавници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП